Kолку што знам, правно и законски гледано, воопшто не е проблем да се поведе истрага и да почнат да се собираат доказите за криминал кој некој го направил пред седум или повеќе години. Така е и во случај на тоа што во 2010 година го кажувала СДСМ за тогашниот министер за здравство Бујар Османи. Обвинувањата не беа мали ниту безначајни: криминален тендер за набавка на медицинска опрема каде што „вишокот“ биле 28 милиони евра, за криминална набавка на вакцините против свинскиот грип кои биле плаќани по 9,3 евра, односно, за 4,5 евра поскапо отколку во Шведска или во Велика Британија, со што во нечии приватни џебови завршиле од 2 до 4 милиони евра… и со јасна сторителска адреса: „Никола Груевски, Бујар Османи и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“. Ете ја можноста на дело да се демонстрира приврзаноста на принципите на правдата и на правната држава, а кои, како што се ветува, треба да бидат едни од фундаментите во работата на новата „реформска влада“. Дали ќе се направи истрага, предмет, евентуално обвинение против идниот министер за евроинтеграции брзо ќе се види. Лично, се сомневам бидејќи, нели, случајот беше од поодамна, па дали ќе има докази, дали ќе се најдат сведоци што ќе посведочат за такво нешто… Лесно ќе се најдат оправдувањата за тоа зошто не се сака да се докаже нешто што како опозиција сте го тврделе, а сега како партија на власт имате можност да го докажете.Што и да биде, добро е што има едно вакво потсетување токму во периодот на конституирањето на новата влада за која, како во периодот на преговарањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, така и сега меѓу СДСМ, ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“, како еден од врвните принципи на воспоставување на политичко сојузништво се испостави принципот личностите кои ќе бидат министри да не се „осомничени“. Таа осомниченост најпрво се врзуваше за тоа „да не се осомничени од стана на СЈО“. И токму Бујар Османи го паметиме како фронтменот на интегративците кој по телевизиските медиуми објаснуваше дека токму тој принцип и нивното инсистирање било речиси решавачко за прекинувањето на преговорите и прекршувањето на дотогаш неприкосновениот принцип на коалирање на победници со победници во македонскиот и во албанскиот политички блок. Сега тој принцип го потенцира и Движењето Беса, кое на крајот реши да не учествува во владината коалиција. Видовме дека мандаторот Зоран Заев го прифати тој принцип и дека ќе го повика СЈО да соопшти дали за него или за некој од неговиот иден кабинет има отворено истраги, дали е некој под обвинителен акт, сега или тоа ќе произлезе во иднина. Нам ни останува да се надеваме дека специјалните обвинители нема да прават селекција од оние педесетина проценти на неистражени и с` уште непреслушани разговори и дека ќе добиеме објективни извештаи дали некој иден министер е предмет на истрагите и дека поради тоа ќе треба да се повлече.
А ако веќе се инсистира на еден таков принцип, зошто окончувањето да биде само поврзувано за СЈО? Зошто таа институција би ја имала улогата да решава кој може да биде, а кој не министер во владата и тоа само врз основа на сомневањата. Лидерот на СДСМ завчера како да најави дека таква улога може да ја добие и државното Јавно обвинителство од „моментот на неговото станување независно“. Па ете ја и вистинската можност да се провери дали навистина Бујар Османи пред седум години правел криминал со тендери и вакцини и, логично, да се потврди принципот со кој осомничените не може да бидат дел од владиниот кабинет. А за случајот во кој ЈО на РМ го обвинува Заев за земениот поткуп и кој е пред судски инстанции можеме и да почекаме за да видиме што ќе направи новиот наследник на Марко Зврлевски кој, сигурно, многу брзо ќе биде именуван.
Нема дилеми дека ќе бидеме сведоци на секакви правни ескивирања и нелогични објаснувања за тоа кога на крајот никој од министрите, а најмалку Бујар Османи, нема да биде повлечен од функцијата бидејќи, нели, е вакциниран со „партиски имунитет“.
Всушност, нека се случи и тоа. Не затоа што не сакам луѓе со некакво криминално минато да бидат владини министри или за да се види како се изигруваат и заобиколуваат принципи кои се прокламираат. Туку најмногу поради тоа што и на тој начин ќе се потврди апсурдноста на барањето личности што се осомничени да не може да бидат носители на државни функции. И порано сум пишувал дека на ваков начин принципот на пресумција на невиност, со вакви условувања, ќе ја загуби невиноста во нашиот правен систем. Односно, дека еден ваков принцип воопшто не смее да се инсталира во македонската политичка практика. Од неколку причини. Меѓу првите е таа што нашето искуство покажува дека во Македонија практично нема да има некој партиски функционер на кој некоја „заинтересирана“ страна не може да му „спакува“ осомничување пред надлежните државни институции. Второ и најважно, е фактот што некое лице, граѓанин или политичар сеедно, е осомничено воопшто и не значи дека тоа е и дефинитивно сторител на одредено кривично дело, дека направил криминал и злоупотреби. „Секој обвинет за кривичното дело има право да се претпоставува дека е невин с` додека не се докаже неговата вина во согласност со законот и на јавно судење…“ е фундаментална одредба од Универзалната декларација за човекови права која важи и кај нас и која не можеме да ја изигруваме со политички потреби во одредени моменти.Што и да биде, добро е што има едно вакво потсетување токму во периодот на конституирањето на новата влада за која, како во периодот на преговарања