Тајландскиот богаташ Би Таехаубол, понуди милијарда евра за купување на 50 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Милан.Британските медиуми се повикуваат на тврдењата на „Бангкок пост“, кој тврди дека Таехаубол е подготвен да го купи познатиот италијански клуб.
Истиот извор наведе дека тајландскиот богаташ е уверен дека целата работа ќе се финализира во наредните месец дена. Тој нема намера да го купи целиот клуб, туку само 50% од акциите.
-Компанијата Фининвест не е заинтересирана да го продаде мнозинството од акциите. Вистина е дека има многу заинтересирани за купувањето на клубот. Меѓутоа, демантираме дека постоеја било какви разговори да го продадеме клубот – се наведува во соопштението на компанијата „Фининвест“, која е во сопственост на Силвио Берлускони.
Милан моментално се наоѓа на 11. место на табелата на Серија А, а вредноста на овој клуб се проценува на 750 милиони евра.Британските медиуми се повикуваат на тврдењата на „Бангкок пост“, кој тврди дека Таехаубол е подготвен да го купи познатиот италијански