ВАКВО НЕШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО ДО СЕГА: Бил парализиран четири години, а потоа се случило чудо

Парализиран маж може повторно да оди подлегнал на нова терапија со трансплатација на клетки во неговиот рбетен мозок. Дарек Фидика, од Полска, кој бил парализиран од половината надолу после напад со нож во 2010 година, сега може да оди со помош на помагала.Ова е прво вакво лечење во светот, а го извршиле доктори  од Полска во соработка со научници од Лондон. Деталите од истражувањето се објавени во списнието „Трансплатација на клетки“.
Фидика вели дека се чувствувал „неверојатно“ кога проодел повторно.
„Кога не можете да го почувствувате скоро половина од телото, беспомошни сте, но кога повторно ќе почнете да го стекнувате чувството, тоа е како да сте се родиле повторно“, рекол Фидика.
Професорот Џеф Реисман, шеф на оделението за неуролошка регенерација во лондонскиот институт за неврологија го предводел британскиот тим.  Тој вели дека она што е остварено „е поинпресивно од човек кој оди на месечината“.
За трансплатацијата се искористени клетки кои го формираат  сетилото за мирис, кои овозможуваат постојано обновување на нервните влакна.
Четири тенки ленти од нервно ткиво се земени и сместени во прекинот од околу одум милиметри во левата страна на рбетниот мозок. Докторите по операцијата вбризгале околу 100 микро инекции со клетки под и над повредата.
Научниците веруваат дека клетките овозможиле нервните влакна под и над повредата повторно да се врзат.
Пред третманот, Фидика бил парализиран скоро две години и не покажувал знаци на закрепнување и покрај интензивната физикална терапија.
Тој почувствувал подобрување три месеци по новиот третман, кога неговиот лев колк почнал да добива мускулно ткиво. Шест месци по операцијата, Фидика ги направил првите чекори  по специјална ограда, со помош на протези  и со поддршаката на физиотерапевтите.
Две години по третманот, тој може да оди надвор од центарот за рехабилитација со помош на помагала за одење. Делумно му се повратило чувството за бешиката и цревата, како и сексуалната функција.Ова е прво вакво лечење во светот, а го извршиле доктори  од Полска во соработка со научници од Лондон. Деталите од истражувањето се објавени

Пронајдете не на следниве мрежи: