Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво“ изгледа дека стручниот тим на Барселона кога станува збор за голманската позиција, долго време размислува да го реши проблемот со таа позиција, клубот, како што пренесуваат шпанските медиуми, има неколку опции за таа позиција.
Виктор Валдес, 30-годишниот голман на Барселона, според новите информации кои ги пренесуваат шпанските медиуми, почнал преговори околу продолжување на договорот, но таквите информации ги демантираше неговиот менаџер.
Можно е да дојде до раскинување на соработката, па каталонскиот клуб веќе почна да бара некое ново решение, кое ќе стане долгорочно.
Во таа смисла Барселона е најмногу заинтересирана за ангажман на голманот на екипата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.
Како останати опции се споменуваат Мартен Стекеленбург (Рома) и Мануел Ноер (Баерн Минхен).
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво“ изгледа дека стручниот тим на Барселона кога станува збор за гол