Голманот на Барселона, Виктор Валдез е казнет со четири натпревари неиграње, поради црвениот картон кој го доби по завршувањето на натпреварот помеѓу Реал и Барселона, одигран во саботата, во Мадрид.
Веднаш откако судијата Мигел Анхел Ласа го означи крајот на дербито помеѓу Реал и Барселона, голманот на Каталонците Виктор Валдес му објаснил што мисли за неговата одлука да не досуди пенал за Барса.Серхио Рамос во 92.минута направи прекршок врз Адријано во казнениот простор, но Ласа не свирна пенал.Инаку, 225-то „Ел Класико“ му припадна на Реал кој победи со 2:1.Главниот судија на овој меч, Ласа, во извештајот по натпреварот напишал дека Валдес му викал: „Треба да се срамите, вие немате срам. Вие сте срам!“. Поради овие зборови судијата на Валдез му додели црвен картон.Валдез поради суспензијата ќе ги пропушти натпреварите кои Барселона ќе ги одигра против Депортиво, Мајорка, Рајо Ваљекано и Селта.Барселона најави дека ќе ја обжали оваа одлука на Дисциплинската комисија.
МакфаксГолманот на Барселона, Виктор Валдез е казнет со четири натпревари неиграње, поради црвениот картон кој го доби