Милијардерот Џорџ Сорос, еден од главните спонзори на кампањата на Хилари Клинтон не може да се помири со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Американскиот бизнисмен со унгарско потекло собрал голем број богати либерали во Вашингтон каде во луксузниот „Мандарин ориентал“ хотел на три дневен состанок се обидуват да пронајдат начин да го саботираат мандатот на Трамп, пишува угледиот магазин „Политико“.Конференцијата почнала во неделата, а како што пренесува весникот главниот спонзор на состанокот е влијателниот клуб Демократска алијанса – ДА (Democratic alliance). Покрај богатите бизнисмени настроени против Трамп, на состанокот присуствуваат и политичари како Ненси Пелоси, шефица на демократите во Сенатот, сенаторката Елизабет Ворен и други.
На овие состаноци детално се разработува стратегијата за саботажа на плановите на Трамп за првите 100 дена од мандатот, за кои оваа група смета дека се „ужасен напад на достигнувањата на Барак Обама“.
ДА во последните децении креираше изглед на институионална левица, како што се претставува и Демократската партија и ја издигна Хилари Клинтон на позиција на централна фигура во Демократската партија.
Демократската алијанса сметаше дека кампањата креирана на темели на климатските промени, правата на жените и малцинствата ќе биде доволна за Клинтон да го победи Трамп, но се случи сосема спротивното.
-Нема да загубиш на избори на кои сите очекуваа победа, на избори со толкав влог, освен ако не направиш крупни грешки, како во претпоставките така и во сратегиите и тактиките. Нема да брзаме со ништо, но ќе и се спротивставуваме на администрацијата на Трамп, истакнала Гара Ламарш, претседател на ДА на вечерата за добредојде во хотелот „Мандарин“ во неделата.
Оваа нејзина констатиција укажува дека нешто сериозно мора да се смени, како меѓу демократите, така и во „Демократската алијанса“, како и дека главните финансиери се седнати на големо столче за да се договорат што им одговара.
Најавена е голема офанзива за враќање на моќта и довербата кај гласачите пред се во државите каде Трамп ги однесе клучните победи – Флорида, Охајо, Пенсилванија, Мичиген, Виконсин….
Што е Демократска алијанса (ДА)?
ДА е основана по изборите во 2004 година на кои Американците повторно го избраа Џорџ Буш за претседател на САД. Алијансата за основаа Џорџ Сорос, починатиот могул на пазарот на недвижности Питер Луис и група мега донатори од Демократската партија на САД кои тогаш вложиле стотина милиони долари во кандидатурата на сенаторот Џеон Кери, поразен во дуелот со Буш.
Целта на оваа организација е формирање на бројни советодавни групи и стручни тела надвор од Демократската партија, кои со своето дејствување би влијаеле на политичарите да ги прифатат ставовите на левицата. Демократската алијанса, која сега брои повеќе од 100 члена вклучувајќи финансиски титани како Сорос, Том Стејер, Доналд Сусман, бара од своите членови годишен придонес од најмалку 200.000 долари за потребите на гореспоменатите советодавни тела. Исто така плаќаат и годишна членарина од 30.000 долари.
Од 2005 година Демократска алијанса уплатила повеќе од половина милијарда долари на разни групи, почнувајќи од „Media Matters”, организација која ги следи објавите во медиумите, компанијата „Catalist” која се занимава со собирање податоци, како и фирмата „Центар за американски напредок“. Сите овие компании се тесно поврзани со Хилари Клинтон, наведува „Политико“.
Сорос не го поднесува Трамп
Џорџ Сорос активно беше вклучен во кампањата за време на внатрепартиските избори, кога само за конкуренцијата во Демократската партија донирал 25 милиони долари. За време за преелиминарното гласање ги нарекол републиканските кандидати Доналд Трамп и Тед Круз „соработници на Исламската држава“. Иако подоцна се повлече од кампањата и ретко се појавува на состаноците на ДА, неговото појавување во Вашингтон укажува на тоа дека е подготвен да му ги помати сметките на Трамп, тврди американскиот весник.
Покрај тоа, Демократската алијанса се сомнева дека изборите се хакирани, за што всушност говори и називот на конференцијата: „Was the 2016 Election hacked?” (Дали изборите 2016 се хакирани?). Сега Сорос и неговите соработници имаат ист план: како да го хакираат Трамп.Конференцијата почнала во неделата, а како што пренесува весникот главниот спонзор на состанокот е влијателниот клуб Демократска алијанса – Д