Ова ми е еверласт текст. Рушеше рекорди по читаност во 2013та година. Вечерва ми текна на него. Просурфаф. Не бев сигурен дека го имаме сеуште во 120.000 база на текстови. Но, сме го сочувале. Па така, за мој ќеиф го преобјавувам. Ќе остане мистерија дали сепак имало вампир во Градскиот парк тогаш… Најнакрај е оригиналната објава. Сега сменив малку сликици и слично. Уживајте.
Според очевидци, претежно средношколци и студенти, некаде околу 10 и 11 часот навечер во Градскиот парк во Скопје е забележан човек облечен во црно, со наметка и со коса залижана наназад. Оние кои решиле да го следат човекот, сметаат дека е вампир бидејќи скокал од клупа на клупа, се движел од едната до другата страна на лавиринтот во парк и откако ќе забележи дека некој го гледа, ќе испуштел специфичен крик и ќе почне да бега.
Некој од очевидците тврди дека му ги заприметил забите при испуштање на крик, кои наликувале на вампирски, па затоа многумина претпоставуваат дека човекот е вампир. Сепак, оние кои се скептици и кои не веруваат дека некогаш вампирите навистина постоеле на планетата Земја, сметаат дека човекот е само „забеган“ тип, кој поради засега непознати причини скокал од клупа на клупа.
Дали непознатото лице се замислувал дека е вампир или па можеби некој супер херој?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.