Ван Бомел: Меси не се снаоѓа во Италија

Откако Лионел Меси дефинитивно разочара на натпреварот од 1/8 од Лигата на Шампионите, на гостински терен против Милан, бура од реакции од љубителите на фудбал, и пред се, фудбалските експерти кои веќе на големо велат дека аргентинската фудбалска ѕвезда не би можел да се снајде во Италија.
Ван Бомел, поранешниот играч на Милан, вели дека со своите поранешни соиграчи во Милан минатата година разговарале на истата тема, и потенцира дека повеќето сметале дека Меси би покажувал многу послаби партии во Италија.
„Повеќето, три четвртини од играчите сметаше дека Меси во Италија би постигнал помалку од 30 голови во сезона. И јас го делев тоа мислење, едноставно, во Италија е друг пристап кон играта отколку во Шпанија.“ вели Марк Ван Бомел.
Тој потенцира дека Италијанскиот фудбал е идеален за неутрализирање на играчите, и дека во Италија тоа се прави најдобро на теренот.
„Италијанскиот фудбал е идеален за неутрализирање на играчи, во Серија „А“ тоа се прави многу подобро отколку во било која друга земја. Меси минатата година го постигна својот прв гол во дуел со италијанска екипа, тоа не е воопшто случајност“ изјави Ван Бомел.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако Лионел Меси дефинитивно разочара на натпреварот од 1/8 од Лигата на Шампионите, на гостински терен против Милан

Пронајдете не на следниве мрежи: