Уште 1.053, уште 5.053 дена ќе останеме тука, знаеме зошто сме дојдени. Дојдени сме за да го одбраниме она што ни е нам свето, нашето име, нашата татковина, нашата Македонија. Само со нашата истрајност ќе победиме. Сите странски емисари си отидоа, платениците на Сорос се вратија посрамени дома, вели актерот Ванчо Петрушевски кој и денес даде поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Хан, Могерини, Билт, Туск се вратија дома. Испратија пропаднати соросоиди да не убедуваат да ја прифатиме Тиранската платформа. Замислете, европратеници кои не ги сакаат ни во нивните држави. Туск не смее да се врати дома, му излегоа да го бркаат. Тие доаѓаат правда да ни делат? Луѓе кои сакаат да ни ја поделат Македонија, не ја даваме, ќе стоиме на браникот секој ден, се побројни. Еди Рама, платеник на Сорос, човек без образ кој не им мисли добро на Албанците во Македонија, ги излажа со Тиранската платформа само за оние да имаат корист. Албанците овде немаат корист, тие немаат друга татковина исто како нас. Македонија е татковина и на Македонците, и на Албанците и на Србите, на Власите, на Турците, на Ромите, Бошњаците, Македонија е татковина на сите. Ние Македонија, не смееме да ја дадеме и нема да ја дадеме. Нема да помине предавничката коалиција, нема да им помине на луѓето предавници кои не си ја сакаат својата татковина, вели Петрушевски.
Актерот вели дека татковината не ја даваат, а ниту ја дава претседателот, кој како што рече е, најхрабриот човек во Македонија
-Претседателот Ѓорге Иванов го доби прекарот железниот претседател, човекот од челик кој храбро сам застана и рече НЕ за Тирански, надворешни платформи. Тоа е херој за кој ќе се пеат песни, нашиот народ знае да си ги почитува своите херои. Иванов е еден и единствен, таков ќе остане и како таков ние ќе го поддржуваме. Предавниците ќе ги стаса казна. Се прашувам во која Македонија ќе се сокријат предавници, сакаат да ја федерализираат, во која сакаат тие да живеат. Овие велепредавници во која ќе изберат да живеат во албанската или во нашата? На криминалците им суди судот, а на велепредавниците народот. Народот ќе им пресуди. Македонија една и единствена, вели актерот.
Петрушевски пред присутните истакна дека се народ напатен и исплашен, но и народ кој нема да се предаде.
-Ако треба овде ќе легнеме еден по еден околу целото Собрание, ќе ја одбраниме нашата татковина. Да не се закануваат дека ние шириме омраза, ние шириме љубов кон нашата татковина, вели Петрушевски.-Хан, Могерини, Билт, Туск се вратија дома. Испратија пропаднати соросоиди да не убедуваат да ја прифатиме Тиранската платформа. Замислете, европра