Во само една недела сакаа да ја турнат Македонија од 21 во 19 век. Од нормална и мирна држава, во крв и крвопролевање. Од мај со сонце, во ровови и загинати. Но, граѓаните на Македонија не го дозволија тоа. Македонските полицајци не го дозволија тоа.Полицајците тоа не го дозволија по цена на своите животи и нивната крв. Токму така, 8 полицајци ги загубија животите, а 40-ина се ранети. Семејствата на загинатите сѐ уште плачат. Ранетите сѐ уште се во болниците. Со рани и со инфузии, со цевки во телото и со шипки за фиксирање на коските. Нивните мајки и татковци, нивните жени и деца ги посетуваат. И ги чекаат да се вратат дома.
Да, тоа се полицајците што спасија стотици и стотици цивилни животи во акцијата во Kуманово. Само 2 дена пред тоа ги нападнаа вандалите во Скопје. Македонската полиција беше брутално нападната во главниот град
Цели 2 часа ги напаѓаа, ги провоцираа, буквално ги плукаа. Ги удираа со стапови. Почнаа да ги маваат со бекатон- плочки. Ги удираа со железни шипки. Фрлаа врз нив огнени факели. Таа пеколна вечер беа повредени 38 македонски полицајци.
Да, тие полицајци по 2 дена, гинеа и крвавеа во Kуманово. На браникот на мирот во Македонија. За да можат вандалите на СДСМ и Заев мирно да спијат. За да може на раат да ги гаѓаат полицајците.
И, иронијата е што терористите на Мухамед Kрасниќи во Kуманово и вандалите на Зоран Заев пред Владата ранија и повредија приближно исто полицајци, по 40 во секој напад. Плус загинатите 8 херои во Kуманово. Во тие 3 дена беа повредени 80 полицајци, а убиени 8. Тоа се големи загуби за полиција во држава со големина како Македонија. И многу поголеми земји ќе беа сериозно разнишани со толку голема бројка на убиени и повредени полицајци во само неколку дена. Тие полицајци ја бранеа Македонија и во Скопје, и во Kуманово. Вечна им слава. Што ќе се случеше ако успееја соросоидите и ако навистина влезеа во Владата? Ќе имаше кршење или палење на зградата. Ќе се создадеше анархија и ќе имаше огромна штета. И вака има огромна штета, но така последиците ќе беа многу поголеми.
И да биде иронијата уште поголема, токму тие што удираа и маваа по полицијата ги обвинуваа истите полицајци за полициска бруталност. Што ќе се случеше доколку успееја во нивните намери терористите од Kосово кои беа разбиени во Kуманово? Ќе имаше стотици и стотици загинати цивили. Ќе нападнеа голем број на цивилни објекти.
Нивниот напад во голема мерка ќе личеше на терористичкиот напад во Мумбаи (поранешен Бомбај) во Индија во 2008 година. Тогаш една група со речиси 25 џихадисти од Пакистан влезе во Мумбаи, како најголем град во Индија. Нападнаа повеќе клучни објекти, како хотели, улици, железничката станица, неколку кафулиња и пристаништето. Тие 25 џихадисти ја кренаа на нозе целата полиција во Мумбаи, град со 21 милион жители, најголем во Индија. Во нападите имаше 164 загинати, плус 10 загинати терористи.
Имаше и околу 600 ранети луѓе. Само еден единствен терорист беше фатен и за него следуваше судски процес. Избегаа околу 15 терористи, а градот со години се носеше со последиците од таа битка со терористите. Во стратешка гледна точка терористите во Kуманово сакаа да ги прекинат Kоридорот 8 и Kоридорот 10. Со заземањето на цело Kуманово или само негов дел, ќе го окупираа јазолот, односно крстопатот каде што се сечат коридорите север – југ и исток – запад.
На тој начин ќе беше во прекин сообраќајот Скопје – Софија. Ќе мораше да се оди по заобиколки патишта, односно преку Штип и Делчево, евентуално преку Пробиштип и Kратово. Сето тоа се нови и големи трошоци, а ги засега двете држави, и Македонија, и Бугарија. Прекинувањето на Kоридорот 10 ќе значеше пресекување на автопатот и пругата помеѓу Македонија, Србија и Грција.
Тоа е една од главните балкански артерии. На тој начин сите 3 држави ќе имаа огромни проблеми со виталните комуникации, односно со трговијата, извозот, увозот, транспортот, патничкиот и железничкиот сообраќај, туризмот…
Затоа, не случајно го избраа Kуманово, како еден од стратешки најважните градови во Македонија. Плус, Kуманово е најголемата општина во Република Македонија со 108.000 жители според пописот во 2002 година.
Целта беше да се предизвика масовна несреќа во Македонија, да се нарушат меѓуетничките односи. Всушност, да се уништат меѓуетничките односи, со тоа што ќе зовриеја тензиите и целата држава ќе ја турнеа во нешто многу полошо.
Но, Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Турците, Бошњаците и Власите во Kуманово не дозволија нивниот град да биде турнат во војна. Исто како и граѓаните на Република Македонија. Општина Kуманово доста личи на Македонија во мало, со сите свои специфики. Одличната реакција и пожртвуваноста на полицајците спречи големи, невидени терористички напади. Момците покажаа врвна професионалност и немаше ниту една цивилна жртва.
Воедно, мора да се напомене и дека кај медиумите на СДСМ претходниот напад на оваа терористичка група кај Гошинце беше толкуван со скепса и со потсмев, иако беа заробени и разоружени 4 полицајци. Истата реакција и истите дезинформации овие медиуми ги ширеа за двата напади со минофрлачки гранати врз Владата на РМ изминативе 3 месеци. Вандалите на СДСМ и терористите поразени во Kуманово не мируваат.
Напротив, и понатаму продолжуваат со нивната деструктивност и црни сценарија. Продолжуваат со нападот врз мирот, против економскиот раст, против инвестициите, уништувајќи го туризмот…
Нападот врз Македонија сѐ уште трае. Но, Македонија ќе победи.
Влатко Ѓорчев
Извор: Дневник
Полицајците тоа не го дозволија по цена на своите животи и нивната крв. Токму така, 8 полицајци ги загубија животите, а 40-ина се ранети. Семејства