Вандалите на СДСМ повторно удрија по полицијата: Погледнете што се случуваше вчера пред полициската станица „Пролет“

Откако во ПС „Пролет“ беше приведен еден од хулиганите на „молеро-фарбарската револуција“ инаку возач  на одземеното  комбето сопственост на СДСМ со регистарски ознаки Фиат Добло СК-422-ВЦ, СДСМ испрати околу 300 хулигани пред полициската станица со цел да се конфронтираат со полицајците и да извршат притисок со надеж дека нема да биде поднесена прекршочна пријава против возачот Новица Павиќ, пишува Инфомакс.Инаку, при приведувањето, Павиќ им се заканувал на полицајците велејќи им дека „за нас од СДСМ не важат вашите закони“ и „ќе видите што ќе ви се случи кога за ова ќе разберат странците“, алудирајќи на чадорот кој го штити СДСМ и Заев од законите на оваа држава.
Околу 21.15 часот во станицата пристигнал партискиот адвокат на СДСМ Мики Вујиќ познат во јавноста како „Мики Максимум“, а по него СДСМ испратиле и околу 300 ботови да демонстрираат пред станицата со цел да се изврши притисок и против Павиќ да не биде поднесена прекршочна пријава.
Во меѓувреме, хулиганите на СДСМ почнале да ја напаѓаат полицијата. Гаѓале со јајца по полицајците и станицата, барајќи законот да важи за сите освен за членовите на СДСМ. Тоа е логиката на единствениот аболиран политичар во земјава и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Инаку, оштетувањето на јавно добро е прекршок. Доколку обичен граѓанин, кој нема заштита од „странците“ или не е член на СДСМ, оштети клупа во парк, или фрли отпушок од цигара ќе заработи прекршочна пријава поради оштетување на јавно добро или загадување на околината.

Извор: Инфомакс.мкИнаку, при приведувањето, Павиќ им се заканувал на полицајците велејќи им дека „за нас од СДСМ не важат вашите закони“ и „ќе види

Пронајдете не на следниве мрежи: