Претседтелот на Врховниот суд Јово Вангеловски смета дека одлуката на Врховниот суд во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан е исправна и извршна и мора да се почитува.– Со пресудата ние не го укинавме притворот, туку одлучивме по барањето за заштита на законитоста против решението со кое е определен притворот. Ние само ја оценивме законитоста на решението на пониските судови и најдовме дека барањето за заштита на законитоста поднесено од Републичкиот јавен обвинител е основано и врз основа на тоа донесовме пресуда, бидејќи имало повреда на законите, рече Вангеловски на денешната средба со новинарите и додаде дека нема против да се прават анализи на пресудата.
Нагласи дека со пресудата Врховниот суд не го ослободил Кочан од притвор, туку само го укинал решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 и на Апелациониот суд.
– Се работи за погрешно толкување на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 дека во ваков случај жалбата не го одлага извршувањето и при тоа се повикува на член 169 од Законот за кривична постапка. Во овој член точно се предвидени сите случаи за кои жалбата не го одлага извршувањето, а во случај кога првпат Кривичниот совет определува притвор врз основа на жалба на обвинител истиот овој член 169 нема одредба дека жалбата не го одлага извршувањето. Штом нема таква одредба се применува општата одредба, а тоа е член 442 од Законот за кривична постапка каде што сотои дека во кривична постпака жалбата го одлага извршувањето, освен во случаите каде изрично не е наведено дека не одлага. Во овој случај изрично не е наведено такво нешто, следствено на тоа жалбата го одлага извршувањето. Има и една општа одредба дека секогаш кога се толкува примена на закон ќе се толкува во полза на обвинет во секој случај кога постои нејаснотија за толкување, но во овој случај нема потреба од такво толкување, бидејќи има многу јасна законска одредба и со право републичкиот обвинител го поднел барањето за заштите на законитоста. Јас и членовите на Советот стоиме зад пресудата која ја донесовме и таа мора да се почитува, потенцира Вангеловски и додаде дека со укинувањето на двете решенија од страна на Врховен суд постапката е вратена во фаза на одлука на Кривичниот совет.
За спорењето на СЈО во однос на барањето за заштите на законитоста поднесено од Републичкиот јавен обвинител, Вангеловски рече дека никогаш не била спорна оваа негова надлежност, туку надлежноста на Специјалниот јавен обвинител да поднесува барање за заштита на законитоста.
– Никогаш сме немале никаква дилема дека републичкиот јавен обвинител е надлежен да поднесе барање за заштита на законитоста и немаме дилема дека поднесувањето на барање за заштите на законитоста до Врховниот суд од страна на републичкиот обвинител претставува мешање во работата на специјалниот обвинител или рушење на неговата автономија. Специјалниот јавен обвинител си има своја надлежност да ги гони сторителите на одредени кривични дела, во тоа никој не го попречува, ниту оваа пресуда значи било што во насока на попречување да го гони сторителот на кривично дело којшто го гони, рече Вангеловски.
Потенцира дека СЈО нема никакви ингеренции да повлекува туѓо барање бидејќи не е странка во оваа постапка, а може да поднесе сопствено, како што веќе има поднесено. Кривичниот совет, како што кажа, веќе донел решение со кое ја уважил жалбата на СЈО и предметот е вратен на судија на претходна постапка.
За нелегално прислушуваните разговори Вангеловски смета дека не може да се користат како доказ, туку само како индиција за постоење кривично дело.
– Работа на СЈО е да ги анализира разговорите и да обезбеди конкретни докази за потоа да може да ги обвини прислушкуваните лица за кривично дело, рече Вангеловски.
Посочи дека наскоро ќе ја повикаат судијката Мирјана Лазарова Трајковска на седница за утврдување дали аудио-визуелните снимки може да се користат како докази.– Со пресудата ние не го укинавме притворот, туку одлучивме по барањето за заштита на законитоста против решението со кое е определен притвор