Вангеловски на средба со Зврлевски и Додевски

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски денеска имаше средба со јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски и со претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, а закажаната средба со специјалната обвинителка Катица Јанева е одложена поради обврски на обвинителката и дополнително ќе биде закажана.Подобрување на комуникацијата меѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство била целта на ссостанокот со Зврлевски, изјави Вангеловски по средбата.
Средбата со Додевски беше оценета дека е во насока на подобрување на позицијата на адвокатурата во правосудниот систем. 
На средбата, како што посочија, биле наведени проблемите на адвокатите и правните застапници, а за конкретни случаи и предмети не разговарале. 
Вангеловски истакна дека за време на разговорот констатирале дека Врховниот суд може многу да помогне во решавањето на проблемите со кои го запознале од Адвокатската комора на денешната средба“.
Средбите се организирани по покана на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.Подобрување на комуникацијата меѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство била целта на ссостанокот со Зврлевски, изјави Вангеловски по средбата.

Пронајдете не на следниве мрежи: