Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски во денешното соопштение до медиумите наведува дека Специјалното јавно обвинителство одбива да постапува по нивното барање, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд.– Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Поради итниот карактер на доставеното барање, шефот на кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со шефот на кабинетот на кавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде се уште нема одговор по поднесеното барање, се вели во соопштението.
Од Врховниот суд на Република Македонија сметаат дека „Обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што, како што додаваат, влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд“.
– Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација