Белгискиот олеснувач во преговорите Питер Ванхауте повторно ја премина црвената линија. По низата навреди кон македонскиот народ, исмевање со државата и граѓаните, овој пат Ванхауте се стави над законите во Република Македонија.Имено, белгискиот олеснувач во јавноста познат и по фотографиите со мачки кои ги споделува на социјалната мрежа Твитер, овој пат објави нова фотографија на која со пиштол и се закануваат на мачка.
-Се предавам, нема избори на 24 април, се вели во текстот на фотографијата објавена од Ванхауте.
Оваа фотографија отвора многу прашања и дилеми во јавноста на кои Ванхауте треба да даде одговор за тоа кој е заканувач, а кој мачката. На кого Ванхауте му се заканува?
Имено, наместо како олеснувач во преговори, се чини дека Ванхауте се обидува да наметне закон кој не е прифатлив за медиумите, и како што самите изјавија штетен за нив. Она што на Ванхауте треба да му стане јасно, додека се обидува да застане над законите, е дека во Република Македонија законите ги носи Собранието, а не тој.
Ванхауте не даде одговор ниту зошто доаѓа како олеснувач во земја која очигледно не ја почитува и ги навредува нејзините граѓани. За потсетување тој отворено коментираше дека македонскиот менталитет не бил на нивото на европскиот, искажувајќи на овој начин навреда кон сите Македонци и ставајќи ги во подредена позиција.
Медиумите пишуваа и дека исто така тврдел дека токму поради тоа што Македонците не биле како Европјаните, не може да се препише решение од некоја европска држава. На ова се надоврзува и крајно некоректно и потценувачко однесување на Белгиецот Ванхауте кој многу често знаел со потценувачка за Македонците и надредена позиција да наложува решенија, но и во исто време да дели навреди и закани.
Па така тој често и повишувал тоналитет и се обидувал со приземни навреди од типот “не тресете глупости” како и зборовите “stop bulshitting” што на македонски преведено би значело “не сер**е” да изврши притисок.
Дополнително, Ванхауте со неговите објави на Твитер се потсема и навредува личности притоа правејќи на дрзок и безобразен начин паралели со неговиот редовен избор, мачките.
Објавувајќи дека продолжуваат преговорите, белгискиот посредник на Твитер објави фотографија од маче и порака која гласи:
-Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ванхауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.
Ноќта за време на распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ванхауте објави порака која гласи:
„Ноќ во Судот, напиша Ван Хауте споделувајќи фотографија со мачка на која е испишано. “Не, чесен судијо, не сум виновен’“
Пораката на 12 февруари е повторно поврзана со политичката ситуација во земјава:
„Избори? За да го смениш идентитетот 3 пати во една година? НЕ!“
Ваквото однесување на белгискиот олеснувач не само што е атипично за било кое странско лице, туку е случај интерес за психолозите. Токму лицата кои со години наназад работата во областа на психологија, а кои ги контактиравме, сметаат дека вакво однесување е одлика на личност која не е психички стабилна.
Сепак, на Ванхауте треба да му биде јасно дека Македонија е суверена држава и дека за помали работи луѓе на запад биле прогласувани за непожелни, односно “персона нон грата“.Имено, белгискиот олеснувач во јавноста познат и по фотографиите со мачки кои ги споделува на социјалната мрежа Твитер, овој пат објави нова фотогр