По неговите вербални испади и арогантност за која се зборуваше во текот на разговорите, се чини дека белгискиот олеснувач Питер ван Хауте овој пат ја премина црвената линија.Со неговите објави на социјалната мрежа Твитер, Ван Хауте се потсмева и навредува личности, а притоа на дрзок и безобразен начин прави паралели со мачки кои се негов редовен избор.
Денеска, објавувајќи дека продолжуваат преговорите, белгискиот посредник на Твитер објави фотографија од маче и порака која гласи:
-Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ван Хауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.
Ноќта за време на распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ван Хауте објави порака која гласи:
„Ноќ во Судот, напиша Ван Хауте споделувајќи отографија со мачка на која е испишано. “Не, чесен судијо, не сум виновен’“
Пораката на 12 февруари е повторно поврзана со политичката ситуација во земјава:
„Избори? За да го смениш идентитетот 3 пати во една година? НЕ!“
КУРИР се обиде да добие одговор од Ван Хауте дали споменатиот Твитер профил е негов и дали стои зад истиот, но белгискиот олеснувач во кратката телефонска изјава само кусо ни рече дека “ужасно му е жал“ што не можел да ни одговори и порача да сме го барале подоцна. Нашата редакција повторно ќе се обиде да добие став од Ван Хауте.
Белгискиот олеснувач е познат по своите скандалозни и дрски навреди. Тој на почетокот од месецов исплука по сите препораки на Европската комисија и по сите напори за хармонизација на македонското со европското законодавство. Белгиецот побара Македонија да не ги следи насоките на ЕУ и да не ги копира европските закони.
Ван Хауте тогаш даде изјава дека не е добра идејата да се копира од европските земји. Трагична и смешна во исто време, оваа изјава го покажува тоталниот недостиг на аргументи за одбрана на фалшливите ставови на Белгиецот, коментираа експертите.
Ова не е прва навреда на овој човек врз Македонците. Во летото Ван Хауте ги навреди македонските граѓани со изјавата “Македонците не се европјани“.
Освен тоа што за него Македонците се граѓани од втор ред и не се Европјани, на почетокот од декември медиумите пишуваа за уште едно скандалозно однесување на Ван Хауте.
„Престанете да се*ете“- рекол европјанинот на преговорите. Во меѓувреме, Белгиецот како неурамнотежен викал и се заканувал кон жени во текот на сите преговори, пишуваа тогаш медиумите.
Ваквото однесување на Ван Хауте е атипично за било кое странско лице. На Ван Хауте треба да му буде јасно дека Македонија е суверена држава и дека за помали работи луѓе на запад биле прогласувани за непожелни, односно “персона нон грата“.Со неговите објави на социјалната мрежа Твитер, Ван Хауте се потсмева и навредува личности, а притоа на дрзок и безобразен начин прави паралели со