Македонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен „ВАЊА – Со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на СТАР ДОК ФИЛМ ФЕСТИВАЛОТ што ќе се одржи од 25-27 март 2016 г. во Лос Анџелес.На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за „најдобар музички документарец“.
Повеќе информации како и комплетната програмата на фестивалот можете да најдете на нивната официјална веб страница https://www.stardocfestival.com/
Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.
Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за „н