Ванковска: Јанева е неука обвинителка, а не божица за фактите да замолчат пред неа

Јанева не е божица, за фактите да замолчат пред неа. Уште во старт видовме неука обвинителка од Гевгелија (чија кариера започнала во судот кај тате, претседател на истиот). Цветаше од насмевки како да добила на лотарија и се фалеше дека добила шофер (!?). Ова го пишува професорката Билјана Ванковска во својата најнова колумна насловена како „Каламити Џејн“.-Јавната слика која се исцртува со беспрекорни потези на „фрескоцртачи“ ме потсетува на легендата за Каламити Џејн. Онаа (наводно) опасна жена од времето на Дивиот запад, не била ништо друго туку обичен мит, па дури и не сосема доблесен (а познато е дека и самата учествувала во креацијата на својот јавен имиџ од комерцијални причини). Западот сега не е див, ама сака да продуцира легенди. Бизарно е сред примитивизам и салиерштина, да очекуваме Јанева да отскокнува. Наивни се оние кои веруваат во постоење проблесоци, брилијантни и чесни луѓе, со интегритет и морал, ама и со стручност и професионалност кои ќе гарантираат правично судење, дури или особено за омразени ликови – бидејќи тоа е функцијата на делењето на правдата! Велат дека Катица не е оратор, ниту ораторство ѝ е потребно, што е извртување на тезите и девалвација на правничката професија. Ако е така, зошто им се потсмеваме на неписмените во адвокатските канцеларии, обвинителствата и судовите кога ќе им ги прочитаме списите и пресудите? Јанева е продукт на високото образование и жив одраз на севкупниот амбиент! Не е проблемот во неа, туку во фактот што градиме општество на неизвонредност. Немав привилегија професор да ми биде Иво Пухан, чие име денес го носат Ораторските денови на кои идните правници ги покажуваат своите вештини. Добро е што постојат предмети како Правна реторика и ораторство. Во мое време, во морето осредни (и такви кои читаа), имав неколку извонредни професори, од кои научив што е ерудиција и зошто вербалното изразување е важно за правничката професија. Сега ме убедуваат во спротивното, и дека „доказите сами ќе зборувале“ или дека „можеби нема вербални вештини, ама е добар менаџер во СЈО“. За менаџирањето, симнувам капа: изменаџира за себе највисока позиција, буџет како за НАСА, други попаметни од неа работат за хонорарчиња. Патем, и покрај одбивањето да поднесе финансиски отчет, јавна тајна е дека нејзината плата за 1,5 месец е колку годишната на универзитетски професор, за „обичните луѓе“ (како што ги нарекува) и да не зборувам. Човек не знае дали да плаче или да се смее пред хорската пофалба на ограниченоста и потребата од неуки херои! Обична артикулација на мисла за сопствената работа се изедначува со ораторство или елоквенција! Па тие се „виша математика“ за Јанева (како и за политичарите и функционерите)! Но, да не се знае правната квалификација на делото за кое го гони Заев и да се чита од хартија, тоа е скандалозно, пишува професорката.
Ванковска со доза критика настапува за односот наЈанева кон Собранието и и порачува дека ниту специјалната јавна обвинителка, ниту СЈО не е над правото.
-Оперетата со патетични извици дека никому не му се плаши, па и тоа што ѝ слоши, не ги коментирам – но, во неа навистина чучи политичарка! Но, сега е обвинителка, па иако специјална – она што важи за сите носители на јавни функции мора да важи и за неа. Таа не презентираше извештај, туку испорача ултиматум. Силата не ѝ извира од легитимитет добиен на избори, јавен конкурс или протести. За жал, ароганцијата се должи на свеста дека Собранието е тигар од хартија, реално не ѝ може ништо, а Уставот е одамна дерогиран, и со воведувањето на СЈО по сила на политички волунтаризам. Зад решетки треба да се најдат сите за кои во правична судска постапка ќе се утврди вина, но нашата Каламити Џејн (создадена од недивиот Запад) мора да ја почитува поделбата на власта и принципот на владеење на правото, кој едноставно кажано гласи: „никој не е над правото, па ни СЈО и/или Јанева“, дополнува таа во својата колумна.-Јавната слика која се исцртува со беспрекорни потези на „фрескоцртачи“ ме потсетува на легендата за Каламити Џејн. Онаа (наводно) опас

Пронајдете не на следниве мрежи: