Ванковска: Наместо прераскажувања, редно е СЈО да презентира цврсти докази

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил реагираше на денешната прес конференција на СЈО.Професорката отвори неколку дилеми, за работата на ова јавно обвинителство како и низата нелогичности кои се поврзани со истото.

-За денешната прес-конференција на СЈО може да се кажат многу нешта, но овде ќе си дозволам најнапред еден сосема личен коментар: дознав дека оној Боки Бургија – откако во колумна ме опиша како Бети Буп на многу недоличен начин, како одговор на мојата посветена на Каламити Џејн – добил работа од онаа која не личи на Бети Буп ;-)Шегата на страна, сакав да верувам дека е ова афера на Куририте и така ќе ми беше полесно да верувам во непристрасноста на СЈО.За двата нови случаи немам што да кажам, освен дека посакувам освен прераскажување на телефонски разговори од страна на Фатиме, да презентираат цврсти докази пред судот и виновните да оговараат за корупција и злоупотреба на службена должност.За упадот во УБК, ако добро сфатив од пресот, може да се констатира дека станува збор за НОВ предмет во кој СЈО истражува дали има неовластено истражување со новата опрема од 2015 година, т.е. во период од нешто повеќе од година дена. Тоа требаше така и да го претстават, наместо да се чудиме што ова има врска со Пуч.Сега ми се наметнуваат неколку нови дилеми: прво, ако СЈО беше формирано за гонење на дела поврзани со прислушуваните разговори (од постар датум), тогаш дали има генерална надлежност и врз тековната работа на УБК и другите институции? „Свиркачот“ Верушевски му ги доставил на Заев сите разговори, од нив произлегуваат индиции за тешки кривични дела сторени од високи владини функционери – и тие заслужуваат должна истрага, гонење и судење. Но, дали Јанева се плаши дека таа е предмет на незаконско следење на нејзините комуникации? Дали, во ваква ситуација, воопшто ни е потребно „обичното“ Јавно обвинителство и дали СЈО го супституира целосно? Конечно, со оглед на тоа што јавноста нема можност да слушне ништо од разговорите кои ги поседува Јанева, а самите разговори не можат да бидат користени како докази во судска постапка, дали тогаш таа не може да почне да покренува постапки за сите владини проекти, во едно забрзано темпо во пресрет на изборите, без оглед на тоа дали тие воопшто ќе завршат со обвиненија и/или пресуди? Е затоа е жално што година дена женава се фемкаше, правеше свадби и одеше на семинари (и не излегува од неколку познати кафулиња и ресторани во Скопје), и сето ова не го направи веднаш по преземањето на функцијата. Сега ќе остане нужен дел и биле на предизборната кампања, ако до избори воопшто и дојде, напиша Ванковска на Фејсбук.Професорката отвори неколку дилеми, за работата на ова јавно обвинителство како и низата нелогичности кои се поврзани со истото.

Пронајдете не на следниве мрежи: