Ванковска: Наводната коалиција на Заев и СДСМ е чиста глупост

Критики за пратеничките листи на СДСМ доаѓаат од страна на нивните најголеми поддржувачи.Професорката Билјана Ванковска не го крие своето разочарување, а не штеди ниту зборови во критиката за СДСМ.
-Ги видов листите на СДСМ и најголемо разочарување ми се оние кои се (кобожем) коалиција со граѓаните 🙁 Особено оние за кои, и покрај сите озборувања и етикети од Куририте, верував дека се независни и кои како „падобранци“ беа кооптирани за да станат пратеници. Кобожем независниот Стево Пендаровски не спаѓа во разочарувањата – тој никогаш не ме излажал дека е независен. Но, токму по неговиот пример се поставува принципиелно прашање: човеков од СДСМ доби речиси се` што можеше да добие, вклучително и доверба да биде претседателски кандидат; второ, самиот призна дека е еден од столбовите на партијата и дека и` се ставил на располагање 24/7. Што уште треба да направи СДСМ за да го убеди Стево да стане член на партијата? Како ние, гласачите, да и` веруваме на оваа партија/коалиција, кога тој и покрај се` има сериозни причини што го држат надвор од официјално партиско членство! Каде лежат тие негови резерви? Зошто? Мене ова повеќе ми буди сомнежи одошто ме мотивира да гласам за ваква опозиција во која не веруваат дури ни луѓе кои цело време добиваат од колачот. СДСМ и Заев (иако во наводна коалиција со граѓаните – што е чиста глупост, бидејќи ако тие се со граѓаните, излегува дека сите останати партии и коалиции си имаат свои не-граѓани) не се ни обидуваат да го зголемат членството и силата на партијата, туку со „шминка“ (шминкери) се обидуваат да ни се продадат што подобро. Каква разлика од Корбинизмот! Штета! Но, толку им се силите – и покрај двогодишната офанизва! Листите на ВМРО-ДПМНЕ не сум ги видела, ниту ме интересираат. Веројатно ќе одат на сигурни партиски кадри за да покажат непоколебливост. Тие не ме интересираат, бидејќи никогаш ниту сум гласала за нив, ниту сум им верувала, ниту пак после се` што покажаа имам намера да гласам за нив, напиша Ванковска.Професорката Билјана Ванковска не го крие своето разочарување, а не штеди ниту зборови во критиката за СДСМ.
-Ги видов листите на СДСМ и на

Пронајдете не на следниве мрежи: