Ванковска: Од огромна важност е Заев и СДСМ, да ги кажат волшебните зборови – не прифаќаме албанска Платформа

Заради превенција на несакани случувања, од ОГРОМНА ВАЖНОСТ е Заев и СДСМ да ја дефузираат оваа „бомба“, да ги кажат волшебните зборови: не прифаќаме албанска Платформа, дури и по цена да не избереме влада или ако ја избереме, таа да падне во парламентот, пишува на ФБ универзитетската професорка, Билјана Ванковска.-Денес разговарав со неколку луѓе кои ми се блиски и кои многу ги почитувам, а кои синоќа биле дел од протестот! Разговорите/комуникациите беа одделни, но од сите нив добив ист опис: неверојатно силно чувство на пркос и љубов кон татковината! Им велам: ама, ме убедуваат дека повеќето од присутните биле таму по партиска наредба, не биле доброволно! Одговорот гласи отприлика: овој протест беше поголем од најголемиот протест на студентите во 2014 година (ми вели учесник на тој протест), а и половината да биле принудени, другата половина беше таму од искрена грижа и потреба да изрази несогласување со политиката на молчење спрема „слонот во собата“ (албанската Платформа). Во теоријата на безбедноста има една важна мисла: perceptions matter! (Перцепциите имаат важност.) Затоа, на крајот на денот, не е ни важно дали нивната перцепција за загрозеноста на идентитетот и државата се вистинити или не – тие се важни и не смеат да се игнорираат! Токму затоа, заради превенција на несакани случувања, од ОГРОМНА ВАЖНОСТ е Заев и СДСМ да ја дефузираат оваа „бомба“, да ги кажат волшебните зборови: не прифаќаме албанска Платформа, дури и по цена да не избереме влада или ако ја избереме, таа да падне во парламентот! Ова мораа да го изјават и пратениците од Брисел: ќе помогнеа во стивнување на стравовите и грижата! Колку повеќе молчат и велат „верувајте ни на жими мајка, верувајте му на лидерот/ЕУ, верувајте им на „нашите уставни експерти“ – толку повеќе недовербата расте! И тензијата заедно со неа! Не заборавајте: стравот е опасно „животно“, не смее да се храни, туку да се сузбива на најделикатен можен начин! Заради Македонија, која така милозливо во своите говори ја нарекува „нашата Македонија“, Заев треба да ги изговори волшебните зборови: а потоа нека формира влада, и без мандат од Иванов! Никој нема да му замери на тоа, дури и оние десетици и десетици илјади на улиците! Не е тоа штрбав и глупав народ! Луѓето кои ги споменав погоре – сите се доктори на науки и професори, интелектуалци и чесни луѓе кои не поддржуваат криминал!, пишува Ванковска.-Денес разговарав со неколку луѓе кои ми се блиски и кои многу ги почитувам, а кои синоќа биле дел од протестот! Разговорите/комуникациите бе

Пронајдете не на следниве мрежи: