Екипата на Вардар и официјално е промовирана во нов ракометен шампион на Македонија!Црвено-црните вечерва на средбата од последното 10. коло во плеј-оф конкуренцијата одиграна во СЦ „Јане Сандански“, славеа очекувана победа над екипата на Радовиш со 35:23.
Со десет триумфи во исто толку одиграни натпревари во плеј-офот, вардарци ја потврдија својата доминација во домашниот шампионат.
Тимот предводен од тренерот Раул Гонзалес, сезоната ја завршија со двојна круна, откако претходно го освоија Купот на Македонија, а сега и официјално се промовирани во нови шампиони.
Во преостанатите два натпревари од последното коло, ќе играат Пролет – Металург и Зомимак М. – Прилеп.
Табела: Вардар 30 бодови, Металург 18, Зомимак М. 18, Пролет 7, Радовиш 6 и Прилеп 4. Црвено-црните вечерва на средбата од последното 10. коло во плеј-оф конкуренцијата одиграна во СЦ „Јане Сандански“, славеа очекувана по