Пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“ Вардар по двата незгодни порази во Лигата на шампионите од Веспрем им се врати на победите совладувајќи го Целје со 34-32Во игра во која двете екипи повеќе мислеа на нападот отколку на одбраната, доказ се големиот број на голови, „црвено-црните заслужено ги освоија двата бода и се заврстија на второто место во групата Ц.
Играта е за заборав, само резултатот ќе остане запамтен. Дури 10 играчи на Вардар беа стрелци на овој натпревар, а нив ги предводеше Тимур Дибиров со седум пред Карачиќ со шест и Горбок и Тоскиќ со пет гола.Штребик успеа да фати 10 топки и беше најзаслужен во првиот дел што Вардар го доби со 19-17.Целје се покажа како многу солидна екипа, која може да се надева на пласман во следната рунда.Слишковиќ беше нерешлива енигма за целокупната одбрана на избраниците на Раул Гонзалес со девет голови, иако не играше цел натпревар. Зарабец и Звижеј постигнаа седум односно пет погодоци.
Следниот натпревар Вардар го игра на гостински терен против Чеховски Медведи, меч кој е од круциално значење на македонскиот преставник, бидејќи со евентуална победа ќе го заземе второто место на табелата, и напролет ќе се надева на полесен противник во осминафиналето. Тоа ќе биде последен натпревар во 2014 година за Вардар во Лигата на шампионите, бидејќи последните две се играат во февруари поради паузата за светското првенство во Катар во јанури 2015 година.Во игра во која двете екипи повеќе мислеа на нападот отколку на одбраната, доказ се големиот број на голови, „црвено-црните заслужено ги осво