Играта на РК Вардар во првото полувреме беше прочитана од Германците. По првите 30 минути игра, Фленсбург водеше со 15:10, но Вардар во второто време се поврати, со што конечниот резултат е 27:25.
Германците за влакно успеаја да изборат пласман во Фајнал форот во Келн, иако пред само неколку минути до крајот имаа негатива од четири погодоци.
Вардар како феникс успеа да се издигне во второто полувреме, бидејќи успеа да ја намали негативата од 5 гола и еден период имаше непрекината серија на погодоци. Што доведува до резултат 18:12 за второто полувреме.
Вардар навистина се бореше до последните секунди на мечот, но не успеа да даде победоносен гол. Како и да е, натпреварот ги исполни очекувањата на 7.000-та публика која што се наоѓаше во салата Борис Трајковски, барем што се однесува на извонредната игра и борбеноста на двата тима.
И покрај триумфот од два гола, Вардар не успеа да обезбеди место на завршниот турнир во Келн, бидејќи гостите постигнаа повеќе погодоци во арената Борис Трајковски.Играта на РК Вардар во првото полувреме беше прочитана од Германците. По првите 30 минути игра, Фленсбург водеше со 15:10, но Вардар во второто вре