Трите првопласирани екипи од македонскиот фудбалски шампионат забележаа полн погодок во 12.коло кое заврши попладнево.Лидерот Вардар и трето пласираната Шкендија до трите бода стигнаа постигнувајќи само по еден погодок, додека шампионот Работнички беше убедлив на гостувањето кај Тетекс.
„Црвено-црните“ на домашен терен ја совладаа Брегалница со минимални 1:0 со голот на Дашијан во 35-тата минута. Ова е петта победа на Вардар во серија и тоа без примен гол.
Постигнати резултати на четирите денешни средби од Првата македонска фудбалска лига: Металург – Пелистер 0:0, Тетекс – Работнички 1:5, Турново – Шкендија 0:1 и Вардар – Брегалница 1:0. Вчера Ренова – Силекс 2:2.
Табела: Вардар 30 бода, Работнички 22, Шкендија 21, Металург 18, Силекс 18, Пелистер 17, Турново 15, Ренова 13, Брегалница 8 и Тетекс 2. Лидерот Вардар и трето пласираната Шкендија до трите бода стигнаа постигнувајќи само по еден погодок, додека шампионот Работнички беше убедлив на г