РК Вардар заслужено дојде до уште една победа во групата од Лигата на шампионите, остварувајќи победа над германскиот ракометен клуб Рајн Некар Левен со резултат 25:19.„Игравме против најдобрата екипа од Германија. Знам дека играа тежок натпревар против Кил пред некој ден. Тие имаат добар тренер и им посакувам се најдобро во иднина. Првото полувреме не одигравме добро, имавме проблеми со Ларсен. Игравме 5-1 одбрана против Ларсен, но не ги користевме контрите. Рајн Некар имаше добра одбрана. Со Ангелов добивме многу во одбраната, а во нападот потоа ги користевме шансите. Задоволен сум што имаме 8 бода од четири натпревари“, изјави Раул Гонзалез тренер на Вардар.
По изедначеното прво полувреме и поголемиот дел од вториот дел, „црвено-црните“ мотивирани од одбраните на Петар Ангелов и бодрени од шестилјадната публика со фуриозен финиш во последните десет минути стигнаа до убедлив триумф.
Со серијата од 5-0 во последните 10 минути од мечот, Вардар успеа да дојде до значајна победа од 25-19.
Кај Вардар најпрецизен беше Алекс Душебаев со 7 голови, Дибиров постигна 6, а Алем Тоскиќ 4 голови. Петар Ангелов се истакна со 9 одбрани, додека Арпад Штербик забележа 6.
Ракометарите на Вардар во следното коло гостуваат кај Колдинг во Данска, а натпреварот ќе се одигра на 18 октомври.„Игравме против најдобрата екипа од Германија. Знам дека играа тежок натпревар против Кил пред некој ден. Тие имаат добар тренер и им посакув