Ракометниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, се падна во мошне незгодна група во Лигата на Шампионите, каде ќе ги одмери силите со мошне силната екипа на Барселона која ќе биде предводена од Кире Лазаров, ПСЖ важи исто така за сериозен противник, додека пак швајцарски Тун ќе биде аутсајдерот во групата, уште еден тим кој ќе биде победник од квалификациската група 3 во која е токму екипата на Металург ќе биде дел од групата „Ц“.
Нема сомнение дека ќе му биде мошне тешко на Вардар да се избори за позитивен исход од оваа група, вреди да се напомене дека екипите на Барселона и ПСЖ ќе бидат апсолутни фаворити, Кире Лазаров со Барселона ќе се обиде да ги реши сите дилеми во групата, а од друга страна ПСЖ предводен од данецот Михаел Хансен ќе се обиде да на каков таков начин му парира на гигантот Барселона.
Интересно, токму победникот од квалификациската група 2 (каде се натпреварува Металург) ќе добие пласман во група „Ц“, па така останува да видиме дали ќе имаме два претставника во иста група во Лигата на Шампионите.
Еве ги резултатите од извлекувањето:
Група „А“: Веспрем, Загреб КО, Санкт Петербург, Некар Ловен, Целје, ( + победникот од квалификациската група 3)
Група „Б“: Кил, Кијелце, Атлетико Мадрид, Колдинг, Данкерк, ( + победникот од квалификациската група 4)
Група „Ц“: Барселона, ШСЖ, Вардар, Тун, ( + победник од квалификациската група 2)
Група „Д“: Алборг, Горење, Фленсбург, Ла Риоха, ( + победникот од квалификациската група 1)Ракометниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, се падна во мошне незгодна група во Лигата на Шампионите, каде ќе