Вардарци на тест со Ал Соваихили

Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, ќе одигра пријателски натпревар со либиски Ал Соваихили за време на подготовките за мошне значајниот двомеч со романска Стеауа во рамките од квалификациите за Лигата на Шампионите.
Според известувањето на сајтот на Вардар, стои дека натпреварот против либискиот прволигаш, Вардарци ќе го одиграат во недела со почеток од 18 часот.
Скопскиот тим е на подготовки во Златибор а според тренерот Благоја Милевски, екипата тренира напорно и мошне сериозно.
„Имаме одлични услови овде, се тренира напорно, максимално сериозно, треба добро да се подготвиме за предизвикот и дуелите од ЛШ со Стеауа“ вели Милевски за официјалниот сајт на Вардар.
Фото/Извор: „fkvardar.mk“Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, ќе одигра пријателски натпревар со либиски Ал Соваихили за време на подготовки

Пронајдете не на следниве мрежи: