Ниту двојниот европски првак, Ѓер не можеше да застане на патот на ракометарките на Вардар кои во реваншот во Унгарија одиграа нерешено, 27-27 и се пласираа по вторпат на завршниот турнир од Лигата на шампионките.Одбраната на Вардар уште подобро одигра на крајот од првиот дел, и намали на 13-12 на полувреме. Тоа беше знак дека последните 30 минути од овој двомеч ќе бидат исцрпувачки, без калкулација, а Вардар беше подготвен не само да ги одбрани шесте гола од Скопје, туку и да победи на гостувањето.
И тоа ќе му успееше, бидејќи имаше водство од 20-17 во 45 минута навестувајќи го новиот клупски успех. Кога веќе се беше решено, малку дојде и опуштање, но почна славјето околу нашиот пласман во Будимпешта.
Најдобра поединка на мечот беше Андреа Пенезиќ со осум гола, пет постигна Јованка Радичевиќ, четири Лекиќ, а по седум одбрани запишаа Суслина и Лејно.
Покрај Вардар, место во фајналфорот обезбеди и Динамо-Синара.
Извор: ЖРК ВардарОдбраната на Вардар уште подобро одигра на крајот од првиот дел, и намали на 13-12 на полувреме. Тоа беше знак дека последните 30 минути од овој дв