Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа во Лигата на шампионките совладувајќи го денеска на гостувањето германскиот првак Турингер во рамките од 2. коло на Ц групата со 29-19.Германките беа рамноправни само во првите 10 минути, кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше серија на Вардар од 6-0 за водство во 16. минута со шест гола разлика (12-6), за на крајот на полувремето да заминат со предност од осум гола (19-11)
Во второто полувреме избраничките на Ирина Дибирова, рутинирано ја одржуваа предноста, која на крајот на мечот изнесуваше десет гола 29-19.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Јованка Радичевиќ, која средбата ја заврши со 7 гола, додека по 5 постигна Александра Лакамбре, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, сите во првото полувреме.
Вчера, во првата средба од оваа група унгарскиот ФТЦ со 37-33 го совлада Ларвик.
По два одиграни меча, ЖРК Вардар е лидер на табелата со максимални 4 бодови, пред ФТЦ и Турингер кои имаат по 2, односно норвешкиот Ларвик, кој е без освоен бод.
Токму Ларвик е следниот противник на ЖРК Вардар во мечот, кој ќе се игра на 21 октомври (сабота) во Норвешка.Германките беа рамноправни само во првите 10 минути, кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше