Македонскиот шампион во драматичен натпревар поразен од црногорскиот претставник во полуфиналето од Лигата на Шампионите.Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ загуби во полуфиналето од Лигата на Шампионите каде за противник го имаше црногорскиот претставник, екипата на Будуќност која успеа да се избори за победа од 20-22 во натпреварот кој се решаваше по продолженија.
На полувремето од натпреварот резултатот гласеше високи 6-11 за црногорскиот претставник.
Херој кај екипата на ЖРК Вардар СЦБТ во самата завршница беше голманката Амандин Лејно која до 57-мата минута имаше вкупно 13 успешни интервенции, односно 11 во вториот дел од мечот со што ги одржуваше во живот „Вардарки“ во финишот од мечот.
Кај македонскиот претставник се истакнаа Пино и Лекиќ кои натпреварот го завршија со по 6 погодоци. На голот фантастична беше Амандин Лејно која имаше 14 успешни интервенции.
Николиќ мечот го заврши со 3 погодоци, Дембеле и Ѓокиќ реализираа на 2 пати, додека пак Хмирова и Радичевиќ по еднаш ја затресоа мрежата на противникот.
На спротивната страна Кристина Неагу иако во голем дел од мечот беше сопрена, сепак на крајот успеа мечот да го заврши со 6 погодоци, Цвијиќ со 5 гола беше втор стрелец за Будуќност како и Мехмедовиќ со исто толку погодоци. Далби постигна 3 гола, Петровиќ 2, додека пак Биздра мечот го заврши со 1 гол во мрежата на ЖРК Вардар СЦБТ.
Мечот го судеа Кјерсти Арнтсен и Гуро Роен, и двете од Норвешка.
Големото финале се игра утре со почеток од 17,00 часот, во него ќе се сретнат бранителот на титулата, екипата на Ѓер, и црногорскиот претставник Будуќност.
Малото финале, односно битката за третото место на турнирот стартува со почеток од 14,30 часот, во истото битка на теренот во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта ќе бијат ЖРК Вардар СЦБТ и дански Митјиланд.
Спорт356
Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ загуби во полуфиналето од Лигата на Шампионите каде за противник го имаше црногорскиот претставник, екипата на Будуќност