ВАРВАРСКА ОБОЕНА РЕВОЛУЦИЈА

Желбата за ограбување и уништување на развиените цивилизации отсекогаш било најсилното чуство кое го поседувале варварите во минатото. Чувството за безкореност, потекло и идентитет ги правело сурови и безмилосни до највисок стадиум. Но, историјата ни укажува на едно нешто. Го карактеризира нивниот крај. А тоа е дека во војна влегувале без тактика и хаотично, па затоа и најчесто ги губеле битките.Овие денови сме сведоци на варварско обоени напади, кои посегнуваат кон сето она што е наше минато и наша иднина. Посегнување со цел погазување на македонската култура, македонската историја, македонскиот идентитет и македонската идеја. Сведоци на едно големо разочарување и понижување на цела македонска нација!
Јас како македонец, магистер по историја на уметност и археологија сум најдлабоко разочаран од овие случувања, од оваа антицивилизациска шаренилост, креација на антимакедонска пропаганда, а како и секогаш ремек дело на СДСМ, најголемите поддржувачи на антимакедонската култура и најголемите чинители на длабоката македонска културна катастрофа.
Ништо ново! Веќе познато од нивното далечно владеење!
Политичката партија која за време на своето владеење не знаеше дека имаат министерство за култура, и претставуваше кодошко гнездо за тајни странски служби. Политичка партија во чие владеење македонската култура беше во хорор издание, целосно на маргините на државната политика. Политичка партија каде културното наследство беше во последен ред. Период на безидејност, период на затемнување, период на заборав на македонската култура.
Наспротив овој мрак, во поново време имаме светлина во македонската култура. Неспоредлив е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за развојот и потикнувањето на свеста кон културата на македонскиот народ, со цел за основна вредност во општеството и стратегиски интерес. Континуирано градење, потикнување на врвното уметничко творештво, воспоставување на систем на културни вредности, услови за дистрибуција и рецепција на културните и уметничките добра, инвестиции во актуелното културно творештво и заштита на културното наследство, промоција на автентичното културно богатство на Република Македонија во државата и светот, нови вработувања, покачени плати, изградба на нови објекти со цел функција за остварување на културата, стимулативни мерки, капитални археолошки истражувања и др.
Македонската култура доживеа ренесанса, афирмација и препознатливост.
Делата се чувствуваат и се видливи! Граѓаните на Република Македонија го препознаа сето ова!
НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ОБОИТЕ ВАШИОТ ДЛАБОК МРАК НИТУ СО ЕДНА БОЈА! НИТУ ДА ГИ ЗАСЕНИТЕ ДЕЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ!
Единствено што можете да направете е да го признаете овој успех, и да се стремите кон поголеми!
И не заборавајте! КУЛТУРАТА е мост помеѓу НАРОДИТЕ! А нашиот мост несомнено го гради ВМРО-ДПМНЕ!
Пишува: М-р Владимир Атанасов
(член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ)Овие денови сме сведоци на варварско обоени напади, кои посегнуваат кон сето она што е наше минато и наша иднина. Посегнување со цел погазување на

Пронајдете не на следниве мрежи: