На многумина спалната соба им е синоним за секс – сите интимни моменти се случуваат токму тука, најчесто во целосна темница. Но, со оглед на тоа што сексот толкупати се одвивал во вашата спална соба, по некое време се губи магијата. Затоа сменете некои работи во вашиот амбиент и направете ја собата попожелна за секс.Средете ја собата
За почеток исфрлете ги сите непотребни и стари работи, мебелот, списанијата и валканите алишта. Вашата соба треба да биде вашето интимно засолниште, да ве опушта за да бидете расположени за сите опции. Треба да биде чиста, со пријатни бои, без ништо што може да ви го одвлекува вниманието.
Без непотребни работи
Многумина грешат што ги отстрануваат перниците од креветот, а на него оставаат куп кадифени играчки меѓу кои сексот едноставно не е пријатен, а секој интимен момент е нарушен. Исфрлете ги тие работи од собата бидејќи не треба да ве потсетуваат на детска соба. Изберете убави перници, кои не само што ќе изгледаат убаво на вашиот кревет, туку и ќе ви послужат за време на сексот. Или по сексот, за долго галење.
Осветлување
Често се занемарува осветлувањето, а тоа е голем фактор за добар секс. Целосната теминца е непријатна, затоа размислете за малите ноќни светилки или свеќи што ќе ги направат вашите интимни моменти поромантични. Интересен и по малку романтичен детаљ се и старите петролејски светилки.
Волшебни мириси
Искористете ја волшебната моќ на парфемите. Испрскајте малку од својот парфем на неговата перница – така ќе бидете сигурни дека и во сонот ќе бидете со својот партнер. Избегнувајте какви било извори на непријатни миризби во спалната соба, редовно менувајте ја постелнината, а корпата со валкани алишта чувајте ја надвор од собата, како и цигарите. Собата исполнете ја со миризливи масла, свеќи, стапчиња или едноставо со букет од омиленото цвеќе.Средете ја собата
За почеток исфрлете ги сите непотребни и стари работи, мебелот, списанијата и валканите алишта. Вашата соба треба да биде