Додека вие ги правите среќни другите, многу често заборавате дека токму вие сте оние кои сакаат да бидат среќни. Многу често во нашиот живот ние ја ставаме среќата на другите на прво место. Па, ако ги правите вашите животни одлуки според она што ќе ги направи луѓето околу вас среќни, без разлика на тоа како вие навистина се чувствувате, тогаш вие го живеете животот погрешно. Факт е дека едноставно е невозможно да ги направите сите луѓе во вашиот живот среќни , па токму затоа е и бесцелно постојано да се обидувате, трошејќи ја вашата енергија и живот за нешто што никогаш нема да може да биде остварено. Еден од најдобрите начини да ги направите среќни луѓето кои ги сакате е доколку и вие самите сте среќни. Се сеќавате колку добро се чувствувате кога вашето семејство е среќно и радосно? Токму така ќе се чувствуваат и тие доколку и вие се погрижите да бидете среќни.
Размислете, дали би сакале некој друг да го живее вашиот живот за вас? Не. Секако дека не би сакале. Вашиот живот е само ваш и вие најдобро знаете точно што ви е потребно, а што не.
Секако вие нема да почнете да ги повредувате луѓето околу вас и постојано да мислите само на себе, но понекогаш да бидете себични не само што е добро за вас, туку е добро и за сите оние околу вас. Токму тоа е она што ги прави луѓето да продолжат понатаму по својот пат.
За крај, не заборавајте дека најважното нешто во животот е да бидете среќни, не се лишувајте од ова позитивно чувство кое ќе ве исполни бидејќи големи се шансите дека понатаму во животот силно ќе се каете.Факт е дека едноставно е невозможно да ги направите сите луѓе во вашиот живот среќни , па токму затоа е и бесцелно постојано да се обидувате, троше



