Од Плаошник денеска кандидатот за пратеник од ВМРО -ДПМНЕ Охрид во ИЕ 5 Др. Сашо Василевски го најави еден од најзначајните капитални дела од доменот на културното наследство во програмата РЕАЛНО на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Станува збор за изградба на Светиклиментовиот универзитет, проект кој претставува континуитет на духовното меѓутоа во поново време и туристичко согледување на оваа локација.-Укажуваме дека Светиклиментовиот универзитет ќе содржи три комплекси со вкупно шест поврзани објекти. Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет предвидува изградба на манастирски конаци, Богословски факултет, музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и канцеларија на МАНУ за хуманистички науки. Со овој проект ќе блесне целокупното црковно и световно жариште на најсветото место во Македонија наречено Плаошник, рече Василевски.
Додаде дека ВМРО- ДПМНЕ не застанува тука и во доменот на културата во градот Охрид ќе спроведе и конзервација на фрескоживописот на црквите Св. Никола Болнички и Св.Богородица Болничка во Охрид каде што со овој проект ќе се добие соодветна заштита на спомениците на културата од 14 век.
– Но конзервација на фрескоживописот е предвидена за една од најзначајните цркви во Охрид и Македонија црквата Св. Софија. Фрескоживописот на црквата Св. Софија кој ќе се конзервира е од периодот од 11 до 14 век и токму тој е во агендата на сите домашни и странски посетители на градот Охрид има уште многу други проекти кој се во програмата на ВМРО ДПМНЕ од доменот на културното наследство и токму ваквиот пристап кон реализација на проектите, посочи Василевски.-Укажуваме дека Светиклиментовиот универзитет ќе содржи три комплекси со вкупно шест поврзани објекти. Возобновувањето на Светиклиментовиот универз