Овој народ ќе ги казни и Заев и цела негова политичка и платена тајфа која плука по сопствената држава, истакна на вечерашниот митинг во Охрид кандидатот на пратеник на „Коалицијата за подобра Македонија“, Сашо Василевски.-Почитувани сограѓани ова е народ, ова е народ, повеќе од 30 илјади луѓе кој на 11 декември ќе му даде црвен картон едно големо не на деструктивните политики на лидерот на опозицијата предводена од Заев .Овој народ ќе ги казни и Заев и цела негова политичка и платена тајфа која плука по сопствената држава, историја и ги гази идеите и коските на илјадници положени животи на Илинденците и коските на партизаните кои несакајќи, нежалејќи ги сопствените животи се бореле за самостојна независна држава на нашата татковина Република Македонија.Драги мои сограѓани кој му дал право, да ја распродава сопствената држава, кој му го дал тоа право така лесно да се расфрла со националните интереси, кој му го дал тоа право да прави планови да ни ја подели Македонија?, рече Василевски,
Тој додаде дека „Заев е класичен терорист, кој е свесен и знае и е свесен дека на овие исзбори жестоко ќе биде казнет од вас и катастрофално ќе ги изгуби овие избори, затоа дневно и прави огромна штета на сопствената држава и на сопствениот народ, затоа да ве прашам сите овде на кого ќе му ја дадете довербата да ја води Македонија во следните 4 години, на Заев од Муртино или на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, господинот Никола Груевски.“
-Да се чуе дека државата се води со подршка на народ а не со тајни служби, не со понуди и пазари дека ако тој дошол на власт, а никогаш нема да дојде дека ќе ја федерализирал, кантонизирал и распарчел нашата држава. Драги мои браќа, сестри, драги мои сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми држава се води и се сака од душа и срце и ве уверувам дека нема да дозволиме сите заедно некој да си игра со угледот и стабилноста и унитарноста на Македонија. И во минатото сме имале вакви Зајковци, национални предавници, а нив историјата секогаш ги фрла на буниште, рече во своето обраќање Василевски.-Почитувани сограѓани ова е народ, ова е народ, повеќе од 30 илјади луѓе кој на 11 декември ќе му даде црвен картон едно големо не на деструктивнит