Василевски: Повеќе од две децении партнерство и взаемна почит меѓу Народна република Кина и Македонија

Пратеникот Сашо Василевски во Будимпешта, Унгарија присуствуваше на Дијалогот на политичките партии  од централно и источно европските земји ЦЕЕ и Народна република  Кина.Притоа пратеникот Василевски оствари значајни средби со неколку европски авторитети меѓу кои со Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Хрватска, Виктор Понта, поранашен премиер на Романија и Виктор Орбан премиерот на Унгарија.
Пратеникот Сашо Василевски во изјава за Пулс 24 истакна дека ја преставувал ВМРО ДПМНЕ на овој голем настан и по тој повод имаше и соодветно  обраќање.
Мојата партија ВМРО – ДПМНЕ е веќе 10 години на власт во Република Македонија и тоа се годините кои нашите односи со Народна Република Кина ја добија посакуваната динамика.ВМРО – ДПМНЕ е партијата која ги спроведе најтешките економски реформи и ја направи Република Македонија респектабилен и посакуван економски партнер и земја која стана посакувана дестинација за оплодување на меѓународниот капитал, истакна Василевски во својот говор.

 
Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот говор: 
„Денес можам да бидам горд кога ќе зборувам за Република Македонија и Народна Република Кина. Оваа година навршуваат 23 години од вооспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, тоа се повеќе од две децении партнерство и взаемна почит. Но, ако гледаме подлабоко нашата интизивна соработка на повеќе полиња нашата комуникација добива стратешка тежина. На самиот почеток исто така би сакал да изразам благодарност за безрезервната и безусловна поддршка од Народна Република Кина кон Република Македонија која не призна под уставното име уште во 1993 година само 2 години по осамостојувањето на Република Македонија.
Почитувани,
Народна Република Кина и Република Македонија имаат многу заеднички вредности.
Народна Република Кина денеска е водечка држава на повеќе полиња. Развојот на технологијата, идустријата и целокупното стопанство која се издигна во светска велесила. Би сакал да укажам дека Република Македонија денес според Светска банка е лидер во регионот, но и во Европа по основ на најниски даноци, на скратени бирократски процедури за отварање бизнис и многу други мерки.  Република Македонија денес е една од ретките држави во Европа кои креира нови работни места и привлекува голем број на странски инвестиции.
Република Македонија денес е помеѓу првите 5 земји по генерирање на раст на БДП по жител во Европа.
На Народна Република Кина денес и треба Република Македонија.
Република Македонија е портата за влез на Народна Република Кина во Европа, а на Народна Република Кина денес и е потребна Европа за нејзиниот развој во сите сегменти.
Би сакал да Ве информирам дека во Република Македонија се во завршна фаза изградбата на два главни автопати од коридорот 8 и 10, и тие инфраструктурни проекти се подржани од кинеските кредити кои беа наменети за развој на инфраструктурата во југоисточна Европа. Невработеноста во изминатиот период е намалена од рекордните 38,7% во 2005 година , на 24,5 %. Благодарение на новоотворените работно места од странските компании, но и владиниот проект Македонија вработува , невработеноста се намали за над 14 процентни поени во однос на 2005 година. Намалувањето се должи на рекордниот број од над 155.000 нови работни места. Во 2006 година имаше 560 илјади вработени, а денес  715 илјади вработени.
Интизивно се преговара за развој на нашата соработка и во други области, како што се енергетиката, земјоделието и одбраната.
Досегашната економска соработка ни овозможи размена на технологии и човечки ресурси, а од таа соработка полза добија граѓаните на нашите држави.
Денес можам да кажам дека размената на искуства се случува и на микро ниво, инжинер со инжинер, градежник со градежник итн.
Република Македонија е заинтересирана за отварање на канцеларија за координација во областа на културата, помеѓу Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Народна Република Кина како и за отварање на финансиски центар за соработка помеѓу Централна и Источна Европа (ЦИЕ)  и Народна Република Кина. Исто така би сакал да истакнам дека Република Македонија нуди логистички центар и безцаринска зона за извоз на производите во Европа како и карго аеродром.
 
По однос на People-to-people, постои одлична соработка во областа на образованието, науката и културата за која би побарале продлабочување и проширување на истата. Од досегашната соработка за издвојување се многуте тинк тенк проекти, изучување на кинескиот јазик, како и развој на туризмот. Туризмот како и размената на различните култури сметам дека не поврзаа уште повеќе и исто така е и можност за продлабочување на соработката.  Не треба тука да се заборави размената на студенти и научни работници, организирање на најразлични саеми во повеќе области како и хуманитарната соработка помеѓу општествата.
Република Македонија е стратешки партнер на САД и чека да почне преговори за влез во Европската Унија, и ги има исполнето сите критериуми за влез во НАТО, а на Кина тоа може да и биде од голема корист, бидејќи Република Македонија има договор за слободна трговија со скоро сите членки на Европската унија и пазар од над 850 милиони потрошувачи.
Европското законодаство во голема мера е интегрирано во македонската легислатива и тоа на Кине ќе и помогне сигурен и безбеден пласман на нејзините производи.

Почитувани,
Мојата партија ВМРО – ДПМНЕ е веќе 10 години на власт во Република Македонија и тоа се годините кои нашите односи со Народна Република Кина ја добија посакуваната динамика.
ВМРО – ДПМНЕ е партијата која ги спроведе најтешките економски реформи и ја направи Република Македонија респектабилен и посакуван економски партнер и земја која стана посакувана дестинација за оплодување на меѓународниот капитал.
Денес во Република Македонија има врвни и познати меѓународни компании од скоро цел свет кои донесоа искуство и технологии од автомобилската индустрија, индустријата која е одговорна за развој на софтвер технологиии.
Да заклучам со една позната кинеска мисла и таа вели “Не плаши се од спориот напредок, туку од стоењето во место.
Почитувани,
Денес не стои во место ниту Народна Република Кина, ниту Европа, ниту Република Македонија, ниту светот, и тоа не обврзува заеднички да го одиме патот кон мирот и развојот и просперитетот поплочен со взаемно почитување.
На крај сакам да ви пренесам поздрави од најголемата партија во Република Македонија, ВМРО – ДПМНЕ и лидерот на партијата Никола Груевски.“Притоа пратеникот Василевски оствари значајни средби со неколку европски авторитети меѓу кои со Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Хрватс

Пронајдете не на следниве мрежи: