Како пратеник кој го гласаше во Собранието на Р. Македонија СЈО и како пратеник во следниот парламентарен состав сакам јавно да кажам дека во мене денеска постои длабоко разочарување. Затоа што ова СЈО веќе зема страна и за мене од денеска е веќе Селективно јавно обвинителство. Не случајно Селективното јавно обвинителство доаѓа во Охрид со ваква хајка на компромитирање на угледни фамилии, активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска во Охрид Сашо Василевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.-Охрид на предвремените парламентарни избори го даде недвојбено гласот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и извојува одлична победа со над 2.000 гласови победа над СДСМ. Фрустрацијата е евидентна кај Заев и неговата политичка болумента и затоа почнуваат хајка .Ќе следат локални избори за два до 3 месеци. Охрид повторно ќе го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и затоа се сите овие притисоци кои ги прави Селективното јавно обвинителство . Да знаевме дека ќе имаат селективна правда и селективна работа никогаш немаше како пратеник да го притиснам зеленото копче, рече пред насобраните охриѓани Василевски.
Тој посочи дека досега СЈО не извади ниту еден документ за криминалите на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев
-Видовме Зоран Заев бараше во неговиот кабинет мито од над 200.000 евра, едно за црквата, едно кај неговиот гувернер на приватната банка, господинот Вице. Или тоа не е кривично дело. СЈО треба да работи транспарентно, да работи во правото и да го сочува угледот на граѓаните . Од денеска охриѓани ќе кажат „НЕ“ на Селективното јавно обвинителство и нема да бидеме повикувани, уценувани со закани. Ние не сме криминалци, истакна Василевски.
Според него СЈО нема право да се однесува кон граѓаните кои донирале како да се криминалци.
-Јас како човек цел живот сум донирал, сум донирал крв, хуманитарни часови , на лица со посебни потреби. Повеќе пати сум донирал на сопствената партија од сопствени средства. Кое е правото на Катица Јанева да ме повикува како криминалец, сведок, а можеби и обвинет како за моите лични донации . Ќе се борам во парламентот СЈО да биде минато и ќе го учиниме затоа што не работи како што треба, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Василевски информираше дека вчера и завчера на членови и активисти од ВМРО-ДПМНЕ им биле носени покани од СЈО со полиција.
-Ова е правен преседан, ако се вика на судско рочиште сведок , обвинет тоа треба да го прави судска служба , а не како во ‘47 година да доаѓа полиција. СЈО е вонуставна категорија и ќе се бориме да го укинеме, заклучи Василевски. -Охрид на предвремените парламентарни избори го даде недвојбено гласот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и извојува одлична победа со над 2.000 гласови п