„Вашингтон Пост“ сега е во рацете на основачот на Амазон

Loading...

Џеф Безос, основачот на Амазон, реши да го купи еден од најголемите и највлијателните весници во САД, „Вашинтон Пост“.Во соопштението до јавноста од страна на весникот, се вели дека набрзо тој ќе биде во рацете на првиот човек на Амазон, милијардерот Џеф Безос.
Според „Вашингтон Пост“, основачт на Амазон ќе треба да плати 250 милиони долари во готовина за весникот и неговите додатоци. Досега овој влијателен весник во САД беше во сопственост на семејството Греам.
Компанијата Амазон нема да учествува во зделката, бидејќи таа ќе се врши лично со Безос.
„Малкумина беа свесни дека се подготвуваше трансакција за продажба на весникот”, се наведува во материјалот објавен на интернет страницата на „Вашингтон Пост“.
Весникот е познат по тоа што прв ја објави сторијата за скандалот Вотергејт, кој доведе до оставка на американскиот претседател Ричард Никсон, како и за тајната програма за следење на електронските комуникации на милиони луѓе во светот на американската Агенција за национална безбедност (NSA), што ја обелодени Едвард Сноуден.
Новинарите на овој американски весник во историјата 47 пати беа добитници на престижната Пулицерова награда за новинарство и публицистика. Во последните десет години весникот, основан во 1877 година, доживеа сериозни тешкотии поради конкуренцијата со медиумите кои минаа на интернет. Неговите тиражи постојано опаѓаа и во пролетта 2013 година дојдоа до половина милион примероци дневно и повеќе од 800 илјади во неделите.
„Весникот можеше да опстане во сопственост на нашата компанија и да биде профитабилен и во догледна иднина. Меѓутоа, ние сакавме да сториме повеќе, отколку само да се живурка”, изјави претседателот на Одборот на директори на  Доналд Греам.Во соопштението до јавноста од страна на весникот, се вели дека набрзо тој ќе биде во рацете на првиот човек на Амазон, милијардерот Џеф Безос.

loading...
Loading...