Вашиот партнер ве изневерил со друга? Па девојки, ова никако не смеете да го направите…

Повеќето избрзуваат штом ги откријат првите знаци на афера и неверство, но обидете се вие да бидете попаметни. Лошо е бесот да го насочите во погрешна насока.Пробајте да НЕ ги правите овие 8 работи:
1. Причекајте пред да нападнете
Ако се работи исклучиво за сомнежи, од клучно значење е да почекате. Ако избрзате, на другата страна и оставате повеќе можности да се извлече.
2. Не дозволувајте кривицата да биде префрлена на вас
Ако партнерот има манипулаторски способности, што е чест случај, може кривицата да ја префрли на вас. „Погрешив, но затоа што ти ме сфаќаш здраво за готово и ме одбиваше за секс“ и слични изговори никако не се оправдување.

3. Не барајте брзо решение
Чувството на предавство е грозно и проследено од многу други емоции – посесивност, желба се да се врати на старото, помали вредности… Заради тоа не брзајте кон решението. Тоа не лежи во заедничкиот викенд, разговорот или сексот. Оладете ја главата па потоа размислувајте што понатаму.
4. Внимавајте на кој што раскажувате
Изневерувањето често предизвикува бес и омраза, па внимавајте на кого ќе се испукате. Нема потреба да шетате наоколу и да раскажувате каков грозен партнер имате. Задоволството е кратко, а на луѓето им давате доволен материјал за трачеви.

5. Одмаздата не е најдобро решение
Ако случајно добиете желба да докажете дека и вие сте посакувани и го направите истото што и вашиот партнер, не сте ништо подобри од него/неа.
6. Крив е оној кој изневерува, не оној со кој изневерува
Насочувањето на бесот кон трета личност не само што е неправедно, туку е и непродуктивно. Пробајте да ја игнорирате третата личност и повеќе размислувајте за мотивите и постапките на вашиот партнер.

7. Спасувањето на врската може да биде магичен круг без крај
Не се залажувајте со пријателите, роднините и нивните мислења. Единствена причина зошто треба да простите е ако знаете дека постои љубов. За поправање на работите и довербата пред се е потребно време, па ако секојдневието ви се темели на сомнежи и префрлања, заминете си пред да западнете во магичен круг.
8. Не дозволувајте да си го уништите животот
Поточно, правете ги работите како и претходно. Не ги избегнувајте пријателите, не се затворајте дома и завршувајте ги сите работни задачи како што треба. Вистина е дека е тешко и ќе претерувате со анализите, но депресијата нема да ви донесе ништо добро. Останете присебни.Пробајте да НЕ ги правите овие 8 работи:
1. Причекајте пред да нападнете
Ако се работи исклучиво за сомнежи, од кл

Пронајдете не на следниве мрежи: