Не требаше многу по акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје да се јават загрижените за автономија на универзитетот. Демек, полицијата ја нарушила научната комфорност на професорите и со тоа го загрозила клучниот интелектуален столб на општеството. Ќе биде добро ако наредните денови се активира и професорскиот пленум. Може да и се приклучи и на шарената банда. Оти ова веќе не се трпи.Не издржа ни СДСМ, па акцијата на МВР ја квалификува како казна за непослушноста на Факултетот. Се разбира, никој од загрижените професори ниту, пак, некој од СДСМ има дете што платило 500 или 1.000 евра. Нивните деца, ако воопшто учат овде, завршуваат со знаење зошто од Господ им е предодредено да бидат умни, паметни и, се разбира, работливи. Нивните деца учат 24/7. Ниту, пак, за некое од тие деца, на одбраната класа, постои сомневањето дека му било барано малку секс. Не многу, само малку. Оти тие работи не се резервирани за професорски или за деца од СДСМ. Тоа се приземни нешта што се однесуваат на „стоката“, на оние од планините, од провинцијата. Такви ни доаѓаат овде и сакаат да поминат испит. Е, не може. Се знае како оди тоа.
Наместо од СДСМ да прашаат зошто во овие десет години ова е прва ваква посериозна акција, тие се обидуваат да вметнат „клин“. Шутраци. Небаре е важно дали некој факултет е послушен или не. Прашањето е дали сомневањата се точни или не, дали ќе се докажат или не, а не кој е послушен. Патем, што значи таа забелешка. Дека ако Економскиот бил послушен, ќе можел да наплаќа за испит? Или дека – ако СДСМ дојде на власт, тогаш ќе ги гони вмровските факултети, а сдсмовските, како Економскиот, ќе можат да си тераат бизнис?
Паралелно, Зоран Заев му даде и наредба на Уставниот суд. До 18 јуни да ја потврдел уставноста на Kатица Јанева. Така е запишано во реформите на Прибе – партиски лидер да му дава наредби на судот. Kако Уставниот досега да не беше без наредби, па сега Заев да не остане подолу?
И во овој случај за СДСМ имаше и друга опција – на пример, да побара и од странците и од домашните да го остави судот да не размислува за политика, туку за тоа за што е платен – за Уставот. Но, доволно е само да се земе која било одлука на истиот суд и да се види партиската поделба внатре. Kако се бори Заев против тоа? Така што издава наредби. Не може судот да биде повеќепартиски (што само по себе е ерес, но нејсе). Има да биде еднопартиски. Но, така е тоа кога ВМРО-ДПМНЕ не отвори правен факултет на нивите во Муртино.
Дарко Јаневски за ДневникНе издржа ни СДСМ, па акцијата на МВР ја квалификува како казна за непослушноста на Факултетот. Се разбира, никој од загрижените професори ниту, па