Васко Ефтов вчера вечер ја емитуваше емисијата за Јованка Броз сакајќи да испрати една порака. Еве што напиша тој на неговата фејсбук фан група. Статусот ви го пренесуваме во целост. „Вчерашната емисија за Јованка Броз ја емитував сакајќи да ви испратам една порака:
Ние кои сме сега во “најубавите години од нашите животи” до пред 25 години живеевме во една многу убава држава која се распадна. Се растури како кула од карти бидејќи не беше отпорна на роварењето на внатрешните паразити и не можеше да го издржи тестот на времето дека се наоѓа на патот на истокот и западот. Тука се вкрстуваа две моќни цивлизации и таму каде трчаат слоновите секогаш е изгазена тревата. Сега живееме во друга држава-наша држава која сме ја немале со векови и која ја сакаме исто ако не и повеќе од таа која ни се растури пред 25 години. И пак ја роварат внатрешни паразити и пак ја газат бидејки се наоѓа на таа линија на фронтот меѓу големите сили и нивните зони на влијание. Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди. Бидете поздравени и имајте убав ден.“
Во продолжение е целата емисија за Јованка Броз.„Вчерашната емисија за Јованка Броз ја емитував сакајќи да ви испратам една порака:
Ние кои сме сега во “најубавите години од нашите