Во последната емисија ,,Во Центар” на Канал 5, на новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов гостин беше Здравко Савески, еден од основачите на движењата ,,Солидарност” и ,,Ленка” кои заедно со СДСМ стојат зад ,,Шарената Револуција” и кои на неколку пати во изминативе два месеци организираат хулигански протести со кои се уништуваше јавен имот како згради, споменици и други обележја.Во емисијата Васко Ефтов ексклузивно разоткрива дека зад ,,Солидарност” стои фонадцијата ,,Роза Луксембург Штифтунг”. На прашањето на Ефтов ,,Дали како ,,Солидарност” сте добивале пари од фондацијата ,,Роза Луксембург Штифтунг”? Дали ви се префрлани пари?”, Савески призна и одговори:
,, Тоа е точно, тоа е точно! ”
Ефтов дополнително ја разоткрива фондацијата ,,Роза Луксембург Штифтунг” и нејзиното делување во Македонија.
-Како што кажавме таа фондација ,,Роза Луксембург Штифтунг” има свои партнерски организации во сите држави во ЕУ, вклучително и во рамки на Р.Македонија, партнерски организации во Р.Македонија се Ленка и посебно Солидарност, односно тоа се организации во чие формирање учествува и господинот Здравко Савески, еве само дел од проектите кои се финансирани во текот на минатата и во текот на оваа година од страна на таа германскаа фондација: На 17,02,2016 го финасирале делото: Обезвреднување на трудот во периодот 2010-2014, на 17,11,2015 година го финансирале делото: Здравјето како право и како услуга во рамки на Р.М. На 16,06,2016 година финансирале дело пишано на албански, автори Мариглен Демири и Здравко Савески, за ова дело Здравко Савески ќе признае дека добил пари и од Сорос. Ма 26,02,2015 го финасирале трудот Богатството и сиромаштијата во Р.М, повторно автор Здравко Савески, на 26,02,2015 финансирано делото Политиките на пазарот на труд сиромаштија во Р.М. автор Марија Башевска. Сите овие лица чии дела се финасирани се во првите борбени редови на таа ,,Шарена Револуција”, знаете тука се поставува прашањето: Или се оние наивни или сме ние наивни или се германците наивни. Да финансираат одредени дела кои не им се интересни на македонските гледачи, а им се интересни на германските гласачи, кои даваат свои пари, тие пари влегуваат во германскиот буџет и подоцна преку германскиот буџет се финансираат одредени фонадции, една од таквите фондации е ,,Роза Луксембург Штифтунг” кои подоцна со тие пари ги финансира овие групации во рамки на Р.Македонија, рече Ефтов.
Ефтов посочува дека оваа фондација е во тесна врска со радикални левичарски структури ширум Европа. Додава дека германската партија ,,Левица”, всушност е формирана од луѓе кои порано биле членови на германската Комунистилка партија.
-Таа партија ,,Левица” всушност кокетира со најрадикалните,па дури и анархистички структури во рамки на германското општество, има свои партнерски организации и во Македонија. Со парите преку невладината организација ,,Роза Луксембург ”, оваа партија учествува како во мигрантската криза на македонско-грчката граница, така и на протестите во Скопје, вели Ефтов.
Авторот на емисијата вели дека фондацијата ,,Роза Луксембург Штифтунг” која е главен финансиер на ,,Солидарност”, а со тоа и на Шарената Револуција, била сериозно замешана и во бегалската криза.
-Целата таа операција преку тие мигрантски кризи да се дестабилизира Балканскиот полуостров, а вклучително или првенствено Р.Македонија, трае веќе подолго време. Некаде на 14-16 Октомври минатата година во Солун, се организира одредено советување, тренирање или тренинг камп , на кој се поканетио сите анархистички групи од делот на Балканскиот полуостров, еве го флаерот со кој се најавува тоа анархистичко дружење… Значи од 14-16 Октомври минатата година, во Солун беа сите овие анархистички движења од Балканот финансирани од ,,Роза Луксембург ” и работеа на проекти, како преку мигрантската криза да се дестабилизираат поедини држави на Балканскиот полуостров, рече Ефтов.
Ефтов вели дека преку одредени блогови, преку одредени линкови се агитирало и работело на масовно окрупнување на тоа балканско-анархистичко друштво.
-Ние сакавме да ви презентираме дел од тие блогови, дел од тие линкови, меѓутоа откако се откри работењето или функционирањето на оваа организација на балканскиот полуостров тие блогови и тие линкови се затворени. Еве го флаерот кој им се дели на мигрантите, почнува некаде од Бодрум, Лесзбос и Истанбул и треба да заврши во Минхен, клучна точка е Гевгелија. Кога ќе кликнете на Гевгелија линкот ве носи на четири адреси, тоа се четири адреси на одредени исламистички организации во рамки на Р.М. со претседатели или видни членови кои асоцираат на одредени вахабистички структури во рамки на Р.М. Втората групација е во Солун, таа некаде во почетокот на оваа година има изнајмени неколку станови, неколку куќи кај што ги охранува, кај што ги чува овие структури и терата структура се тие левичарски анархистички организации и гледате како се прави еден сплет на три структури кои се дијаметрално спротиставени, тоа се одредени вахабистички структури, одредени разознавачки структури, одредени мигрантски структури и одредени анархистичлки структури кои треба преку целата таа операција да го дестаблизираат Балканскиот Полуостров, рече Ефтов.
Со ваквото сериозно истражување се фрла ново светло на македонската ,,Шарена Револуција”, која во принцип е водена и финансирана од структури помогнати од вахабистички и радикално леви движења, кои не се пожелни никаде во светот. Зошто Зоран Заев е во тесна врска со сите овие структури се прашања кои тој треба да ги одговори на македонската јавност, многу повеќе заради фактот дека со странски пари оштетува објекти изградени со парите на граѓаните на Макеоднија и руши легални институции.
Во емисијата Васко Ефтов ексклузивно разоткрива дека зад ,,Солидарност” стои фонадцијата ,,Роза Луксембург Штифтунг”. На праш