Ватикан ги отфрла медиумските тврдења за „хомосексуално лоби“

Портпаролот на Ватикан ги нападна во саботата медиумските написи кои пишуваат за интригите во високите сфери на Светата столица и постоењето на „хомосексуалното лоби“, нарекувајќи го „нафрлања, дезинформации, па дури и клевети“ во интервјуто Радио Ватикан.„Некои настојуваат моментот на изненадување и дезориентацијата “, по историското отстапување од службата на папата Бенедикт Шеснаесетти, „за да посеат конфузија и да ја дискредитираат Црквата и нејзиното водство“, осуди во саботата отец Федерико Ломбарди кој во ваквите напис гледа „неприфатлив притисок“ на претстојните конклави на кои ќе се избира новиот поглавар на римокатоличката црква.„Не мораме, за среќа, да ја оплакуваме смртта на саканиот Папа, но не сме поштедени од друг предизвик: зголемување на притисокот и размислувања на туѓи на духот во кој Црквата сака да го мине овој период на исчекување и подготовки“, додава Ломбарди.Особено италијанските печатени медиуми, изминатава седмица сензационалистички пишува за постоење „хомосексуално лоби“ во Ватикан, кое наводно под закани со уцени откривал тајни документи за медиумите што прерасна во аферата позната како Ватиликс.„Кој во главата ги има, пред сѐ, парите, сексот и власта, и е навикнат под тие критериуми да ги чита различните стварности, не е во состојба да го види другото., дури ниту во Црквата, бидејќи неговиот поглед  не знае да гледа кон горе или да влезе во длабочината на духовните мотивации на постоењето“, додава Ломбарди.„Зад тоа произлегува длабоко неправеден опис на Црквата и нејзините припадници“, заклучува со жалење портпаролот на Ватикан.
МакфаксПортпаролот на Ватикан ги нападна во саботата медиумските написи кои пишуваат за интригите во високите сфери на Светат

Пронајдете не на следниве мрежи: