Ватикан: Исус е првиот твитерџија

Претседателот на Советот на Ватикан за култура, кардиналот Џанфранко Равази вели дека „Исус бил првиот кој твитувал“.„Христос пред сите во светот користел Твитер, бидејќи неговите реченици биле кратки, суштински, како ’Сакај го блискиот свој’“, вели „министерот за култура“ на состанокот „Суд за безбожниците“, дијалог меѓу верниците и неверниците кој што го покрена претходниот папа Бенедикт 16-ти.
Кардиналот ги споменал и параболите на Исус, кои за разлика од телевизијата, уптувале порака преку некоја приказна и симбол.
„Ако свештенкот не е заинтересиран за комуникација, тогаш не припаѓа на ова министерство“, додал Равази. На состанокот на кој што присуствувале претставници на италијанските медиуми, се зборувало и за „непристрасноста и одговорноста“ на новинарте при известувањето.
Преземено од: Think.mk„Христос пред сите во светот користел Твитер, бидејќи неговите реченици биле кратки, суштински, како ’Сака

Пронајдете не на следниве мрежи: