Секојдневните навики на Грците со промената на годината стануваат и поскапи. Новите, зголемени даноци на кафето, цигарите, нафтата, фиксната телефонија и на Интернет, се очекува 2017 година да ја направат уште потешка за јужниот сосед. „Новогодишното пакетче“ со новите даноци беше изгласано од грчкиот парламент уште во мај минатата година, а од 1 јануари стапи во сила. Промените се однесуваат на Грците, но индиректно и на туристите што ја посетуваат Грција, а меѓу нив и Македонците. Македонските државјани што шопингот во Солун го завршуваат со кафе, веројатно сега ќе треба добро да се подготват за патувањето во Грција – резервоарот на возилото да го наполнат во Македонија, а пушачите да се снабдат со цигари за грчкото кафе да не им излезе „горко“.
Со промената на годината експресно се променија и цените на бензинот на бензинските пумпи низ Грција. Па, така, сега цената за еден литар е од 4 до 10 центи повисока во споредба со последниот ден од 2016 година. Од половина до 1 евро се зголемува цената на цигарите, додека, пак, кафето се очекува да биде околу 20 центи поскапо. Што практично би значело ова за еден македонски турист? На пример, за 10 литри грчки бензин, за едно грчко кафе и за една кутија грчки цигари, сега ќе треба да одвои од 1 до 2 и пол евра повеќе во споредба со претходно. „Новогодишното пакетче“ со новите даноци беше изгласано од грчкиот парламент уште во мај минатата година, а од 1 јануари стапи во сила.