Важни пронајдоци за кои се заслужни жените

Низ историјата бројни жени на непроценлив начин го дале својот придонес во светот и покрај тоа што биле соочени со дискриминација. Тие во човештвото придонеле со пронајдоци без кои денес тешко би се замислил животот и за кои можеби не сте знаеле дека се „производи“ на женскиот ум.1.Хартиена ќесичка
Работничка во компанија за памук Маргарет Книт 1868 година ја измислила хартиената ќесичка, но мажот со име Чарлс Анан се обидел да ја украде нејзината идејаи прв да ја патентира. Кога колегата се обидел да ја украде нејзината идеја, таа го тужела и по долга правна битка победила и го добила патентот.
2.Лекови за тешки болести како леукемијата
Гертруда Елион со својот колега Џорџ Хитџингс ги пронашла некои од првите лекови за тешки и сериозни болести, како што е леукемијата, СИДАта и херпесот. Елион и Хитџингс развиле метода која помогнала во револуцијата за изработка на лекови.
3.Бришачи за автомобили
Мери Андерсон во далечната 1903 година се сетила дека бришачите за автомобили ќе бидат исклучително корисни. Шипката со гумен додаток која го брише стаклото ја патентирала неколку години подоцна.
4. Идентитет на повикувачот и повик на чекање
Достигнувањата во телекомуникациските истражувања др. Ширли Ен Џексон ја довеле до пронаоѓање на идентитетот на повикувачот и повикот на чекање.
5.Монопол
Елизабет Маги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оригиналното име на оваа игра е „The Landlord’s Game“ и е патентирана во 1903 година.
6.Соларно греење
Унгарката др. Мариа Телкес е одговорна за првиот состав за греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во САД и се вработила на проект кој се занимавал исклучително со оваа проблематика. Во 1940 година го развила и го направила достапен првиот соларен состав за греење во домаќинствата, а во реализацијата на овој проект и помогнала уште една успешна жена – архитетката Елеонор Рејмонд.
7.Рачен апарат за правење сладолед
Ненси Џонсон во 1943 година го открила првиот рачен апарат за правење сладолед.
8.Пиво
Иако со сигурност не може да се тврди кој навистина прв го произвел пивото,  податоците до кои голем број истражувања дошле, велат дека тоа било жена, поточно жени. Имено, пред 7000 години во Месопотамија жените биле задолжени за производство на пивото.
9.Противпожарни апарати
Првите противпожарни апарати лоцирани на надворешните ѕидови на зградите, кои во случај на опасност требале да ја олеснат евакуацијата во 1897 година го измислила Ана Конлил.
10.Панцир
Верувале или не, заштитниот панцир го измислила жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањата кои го спровела резултирале со создавање на панцирот, поточно на материјалот кој се користи во неговата изработка. Пронајдокот го патентирала во 1966 година.1.Хартиена ќесичка
Работничка во компанија за памук Маргарет Книт 1868 година ја измислила хартиената ќесичка, но мажот со име Чарлс Анан с

Пронајдете не на следниве мрежи: