Спротивно од популарото верување, дури ни погонот на сите четири тркала нема да ви помогне ако надвор врне леден дожд.Кога на патот има мраз,постои многу малку или воопшто не постои отпор или триење кои би ги држеле гумите таму каде што е потребно да бидат.
Мразот не ги почитува ни луѓето ни автомобилите и затоа е многу важно да го знаете најважното правило кога надвор врне леден дожд.
Не возете!
Ако сте свесни каква е ситуацијата надвор,останете дома.
Но ако веќе сте тргнале некаде со вашиот автомобил,тогаш овие совети ќе ви помогнат безбедно да стигнете таму каде што сте тргнале.
1.Возете споро и бидете особено внимателни. Дајте му малку гас на вашиот автомобил,но по секоја цена избегнувајте го кочењето бидејќи тоа може да предизвика излизгување и губење на контролата на автомобилот.
2.Одржувајте големо растојание од автомобилот пред вас. Со оглед на тоа дека сакате да избегнувате кочење,потребно е да го отпуштате гасот како би успориле и заради тоа ви е потребна поголема линија за застанување.
3.Не брзајте
4.Почитувајте ги камионите кои фрлаат сол. Тие се тука како би ги подобриле условите на патиштата и затоа е најдобро да возите позади нив бидејќи ќе бидете побезбедни.Кога на патот има мраз,постои многу малку или воопшто не постои отпор или триење кои би ги држеле гумите таму каде што е потребно да бидат.