В недела, 11 декември, се одржуваат предвремени парламентарни избори. Гласачите мора да ги знаат нивните права и обврски на денот на гласањето, меѓу кои и што треба да направат доколку ги нема на Избирачкиот список и начинот на кој што треба да го остварат своето право на глас.Изборниот процес за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела содржи неколку новини, меѓу кои, највпечатливо е вметнувањето фотографија во Избирачкиот список. Останува употребата на безбојниот спреј кој може да се види само со УВ ламба. Важечко ливче ќе се смета она на кое што е заокружен редниот број или носителот на листата или симболот на коалицијата или партијата.
Гласачките места треба да бидат отворени точно во седум часот, а гласањето трае непрекинато до 19 часот.
Кој може да гласа?
Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично.
По доаѓањето на избирачкото место, на граѓанинот најнапред му се проверува десниот палец со УВ ламба за да се види дали има траги од безбоен УВ спреј, потоа се прави проверка на документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат. Пред да се упати кон параванот за гласање избирачот се прска со безбоен спреј.
Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка ученичка и студенска легитимација и друго.
За првпат на овие избори изводите од Избирачкиот спсиок ќе содржат и фотографии од гласачите. Личните фотографии ќе бидат во форма како на личната карта или пасошот. Во изводот од Избирачкиот список ќе биде испечатена фотографијата од оној документ кој што е со понов датум на издавање. Според упатствата на Државната изборна комисија (ДИК), при утврдување на личниот идентитет, гласачот е должен пред избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација. Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.
Доколку утврдат дека избирачот го нема во изводите од Избирачкиот список, членовите на избирачкиот одбор се должни да го упатат во надлежното подрачно одделение на ДИК и да ја посетат интернет страницата izbirackispsiok.gov.mk за да се провери дали тој е запишан во Избирачкиот списоки и доколку е во кое избирачко место може да гласа.
Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од Избирачкиот список.
Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во Избирачкиот список и кој нема да дозволи да му биде ставен безбоен спреј.
Се гласа зад параванот за гласање, со заокружување на редниот број пред подносителот на листата на кандидати и тоа исклучиво со хемиско пенкало во сина боја. Доколку гласачот погреши нема да добие друго гласачко ливче. Превитканото гласачко ливче се става во гласачка кутија. Не смее да се дозволи гласачот да го напушти гласачкото место без да го остави ливчето во кутијата.
Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач освен во случај кога на гласачот му е потребна помош. Лицата со физички недостаток и неписмените според Изборниот законик имаат право со себе да повикаат лице кое ќе им помогне при гласањето.
Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забрането
ДИК исто така преку Општинските изборни комисии (ОИК) побара во институиците, како средни, основни училишта, градинки и слично, каде се сместени гласачките места, од 6 до полноќ на 11 декември да биде исклучен видео надзорот. Притоа исто така е побарано камерите кои го опслужуваат видео-надзорот да бидат насочени кон ѕидот на кој се монтирани за да се овозможи тајноста на гласачите и изборниот процес во целина.
ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.Изборниот процес за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела содржи неколку новини, меѓу кои, највпечатливо е вметнувањето фото