Важно известување!

Со цел да се заштитат македонските потрошувачи, Леново доброволно повлекува од употреба одредени LS-15 AC кабли за напојување кои се користат со IdeaPad и Леново лаптоп компјутери, а кои биле испорачани низ целиот свет во периодот од февруари 2011 до јуни 2012 година („Засегната серија на кабли за напојување“).Каблите од Засегнатата серија на кабли за напојување можат да прегреат, што потенцијално може да доведе до појава на пожар и опасност од изгореници. Леново на своите корисници ќе им понуди бесплатна замена на сите кабли од Засегнатата серија на кабли за напојување.
Не секој кабел од типот LS-15 е засегнат со ова повлекување. IdeaPad и производите што користат кабли кои се потенцијално дел од Засегнатата серија на кабли за напојување можат да се идентификуваат со проверка на кабелот за напојување што оди од AC адаптерот до изворот за напојување со струја за да се утврди дали кабелот го има на себе втиснато знакот „LS-15“ и дали има налепница со датум што потврдува дека кабелот за напојување е произведен во периодот од февруари до декември 2011 година.
Детални инструкции можат да се најдат на веб страната наведена подолу.
Доколку кабелот за напојување е дел од Засегнатата серија на кабли за напојување, корисниците треба да го контактираат Леново за да нарачаат бесплатна замена и веднаш треба да го исклучат и да престанат да го употребуваат кабелот од Засегната серија на кабли за напојување што оди од AC адаптерот до штекерот.
Корисниците треба потоа безбедно да го отстранат кабелот од Засегната серија на кабли за напојување во канта за рециклирање или канта за отпадоци. За информации како да го заменат кабелот за напојување и како да постапат за безбедно отстранување на истиот, корисниците треба да ја посетат следната веб страна www.lenovo.com/powercord2014.Каблите од Засегнатата серија на кабли за напојување можат да прегреат, што потенцијално може да доведе до појава на пожар и опасност од изгореници

Пронајдете не на следниве мрежи: